28 Септември, 2024
0.0276

Косана Мазнева: Доживеав драматични 24 часа, мала и доминантна група суптилно ги уценуваше другите вработени

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Косана Мазнева, директорката на ЈП Комунална хигиена - Скопје, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска изјави дека претпријатието има 1.300 вработени, а некогаш до 1.400, но како што рече, мала и доминантна група успеала сите да ги стави под контрола со суптилно уценување, пред главниот град да биде затрупан во ѓубре.

Малце сум можеби поригорозна, но секогаш платите се дадени на 1-ви, после 12-13 години вработените добија и регрес на плата

Забележав дека една поголема група не ги извршува работните задачи согласно решението за вработување, наместо возач работат референт во ноќна смена на блок. Се работи за усно распределување што е спротивно на закон, а помала група на работници 30 години работи трета смена. Освен основната плата, добиваат 35 отсто ноќен труд и да не сакаа да работат друга смена.

Години наназад се исклучиво трета смена, а минатите директори наидувале на отпор и се повлекувале. Ниту е човечки, ниту е законски да работите само трета смена.

После наредбите имаше суптилни закани, од оваа група со суптилни механизми - преку телефон, одење по дома, како и на работа, за на 30 јуни останатите да не се појават прва и втора смена. Ми се жалеа дека сакаат да излезат, но тоа не го направиле, поради страв од оваа мала и доминантна група.

Не смеете да се заканувате на луѓе да си го остварат своето законско право на работа и да опструирате работен процес. Драмата траеше 24 часа и беше навистина страшно. Градот енормно се затрупуваше со смет, а јас поднесов повеќе кривични пријави, најмногу заради нарушување на јавното здравје, рече Мазнева во радио-емисијата.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“