КОШМАРНА ПРОГНОЗА ЗА ГЕРМАНИЈА: Огромен број луѓе ќе ги изгубат своите работни места!
Објавено во: Економија 29 Септември, 2025 06:30
Автомобилскиот експерт Фердинанд Дуденхефер очекува губење на 100.000 работни места кај добавувачите на автомобили.
- По производителите на автомобили доаѓаат големите добавувачи. На индустријата ѝ се заканува губење на работни места - изјави тој за германските медиуми.
Според Дуденхефер, средните и малите добавувачи и инженерските компании ќе бидат погодени.
- Очекуваме губење на околу 100.000 работни места во секторот на добавувачи до 2030 година. Не може да се исклучи банкрот кај малите и средните добавувачи - рече тој.
Се додава дека шансите работните места да се вратат во Германија се нула.
- Германија е премногу скапа, неконкурентна. Го потрошивме нашиот просперитет - е горчливата оценка на Дуденхефер.
Според пресметките на Дуденхефер, 834.000 луѓе биле вработени кај производителите и добавувачите на автомобили во Германија во 2019 година. Шест години подоцна, во август 2025 година, индустријата вработувала само 720.000 луѓе. За нешто помалку од шест години, загубата изнесувала 114.000 работни места - пад од 14 проценти, објавува „Блиц“.
Ало.рсМожеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




