Кошмарни месеци ја очекуваат Грција
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2013 10:53
Грчкиот министер за финансии, Јанис Стурнарас изјави дека следните месеци, до јуни 2014 година, до кога треба да се решат сите отворени прашања со меѓународните кредитори, ќе бидат кошмарни за Грција.
Изјавата на Стурнарас за весникот „Вима“ доаѓа во врска со тврдењата дека претставниците на меѓународната „тројка“ од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, кои се очекува да допатуваат во Атина за продолжување на преговорите во врска со доделувањето на следната транша од милијарда евра, вршеле притисок врз Владата за дополнителни мерки за штедење и за склучување на нов кредитен договор вреден 10 милијарди евра.
Весникот коментира дека тоа се случува година и пол по парламентарните избори во Грција и по „здивот“ што земјата го зема по првиот остварен вишок во буџетот.
„Тројката“ инсистира на продолжување на отпуштањата во државниот сектор и на ново намалување на платите.
„Вима“ објавува и список од 35 точки со барањата на кредиторите, што им се доставени на грчките министри.
- Нов заем ќе земеме само доколку во пакетот нема нови буџетски мерки, истакна министерот за финансии.
Нема никаква логика „тројката“ да бара дополнителни мерки, посочува уште Стурнарас, апелирајќи кредиторите кон Грција да се однесуваат на истиот начин како и кон другите земји кои добија меѓунардона помош за спас.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




