КОШТА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ: Кажа кои две земји први ќе влезат во ЕУ
Објавено во: Македонија, Балкан 12 Мај, 2025 16:05
Албанија и Црна Гора ќе се приклучат на ЕУ пред другите, вели претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Додаде дека „Албанија и Црна Гора се очигледно понапред од другите земји“.
Во интервју за Еуроњуз, тој ги повика државите-кандидати да се посветат на реформи. Во срцето на неговата мисија во Западен Балкан е потребата Брисел да не ја изгуби стратешката контрола врз клучен регион. „Руската инвазија на Украина го забрза процесот на пристапување за Украина и Молдавија, па затоа не е фер кон земјите од Западен Балкан да бидат претекнати од Украина и Молдавија, а тоа ќе ги поттикне да се движат побрзо со реформите“, изјави Кошта. Кошта во четврток во Скопје ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Во Белград Кошта ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацут и членови на парламентот. Подоцна истиот ден, тој ќе пристигне во Сараево, каде што ќе се обрати на војниците од мисијата на ЕУ ЕУФОР „Алтеа“ и ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина. Инаку, албанскиот премиер Еди Рама очекува до 2027 година да ги отвори сите поглавја и неговата земја да влезе во ЕУ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција
Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“





