05 Декември, 2025
0.0381

Косово ќе гради автопат до Македонија, проектот тежи 793 милиони евра

Објавено во: Балкан 07 Декември, 2012 14:04

Добивај вести на Viber

Автопатот кој е планиран да ја поврзе Македонија со Косово, според косовската Влада ќе чини 793 милиони евра. Автопатот претставува продолжување на трасата Врмица-Мердаре, која пак претставува продолжение на автопатот Драч-Кукс-премин Морина (на албанско-косовската граница). Како што јавуваат косовските медиуми, проектот треба да почне во 2013, за чија цел косовската Влада со буџетот за наредната година издвои 30 милиони евра, а за целиот проект, очекува поддршка и од Светска банка. Инаку Косово треба да има 300 илјади евра на банкарскиот биланс, како услов да почне со изградба на автопатот. Во билансот на крајот од оваа година се очекува да има 200 милиони евра, што подразбира дека во банкарскиот биланс треба да се слеат пари и од приватизациите за да се исполни условот од 300 милиони евра. Автопатот не почнува од Приштина, туку од Липљан каде ќе има голем кружен тек, кој ќе биде и прва клучка на автпатот, кој ќе го поврзува косовскиот главен град со граничниот премин Блаце, на границата со Македонија. Со цел трасата да добие што подобра насока, реката Лепенец ќе биде пренасочена. Максимално дозволената брзина на автопатот ќе биде 120 километри, ќе има три тунели, најголемиот ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километра, како и десетина мостови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени