18 Декември, 2025
0.0505

КОСОВО ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ - Курти: „Нема друго решение...“

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2025 20:31

Добивај вести на Viber

Вршителот на должност премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека му е потврдено дека нема друго решение освен одржување нови парламентарни избори во Косово.

Вчера во Собранието не беше изгласана новата влада што ја предложи Курти, откако предлогот доби 56 гласа, наместо неопходните 61 глас.

- Пред кој било договор што ја искривува волјата на граѓаните на изборите, ние избираме избори. Тоа е причината зошто земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори. Тоа не беше наша желба, рече Курти на прес-конференција.

Тој наведе дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) категорично ја одбил владата што тој би ја водел, а исто така и Социјалдемократската иницијатива на Косово (НИСМА) одбила да биде дел од влада со која тој би управувал.

- Да размислуваа поинаку и да ја прифатеа понудата за соработка, не само што ќе имавме доволен број пратеници за да формираме нова влада, туку ќе можевме да го решиме и прашањето за избор на претседател за четири месеци, рече Курти.

Најдоцна во март следната година, Собранието на Косово треба да избере претседател или претседателка на Косово.

Курти додаде дека се обидел да го одвои ДСК од Демократската партија на Косово (ДПК).

- Во 2020 година, успеавме во тоа, но само на 51 ден. Се обидовме повторно со раководството на ДСК, но без успех. Единствениот начин ДСК да се согласи да биде дел од влада со нас беше да биде внатре и ДПК, што за нас е неприфатливо и штетно, рече Курти.

По повод тврдењата дека Косово ќе остане без буџет за наредната година, Курти рече дека врз основа на Законот за Влада може да предложи буџет за 2026 година.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии