Косовската економија предничи на Балканот
Објавено во: Балкан, Економија 29 Октомври, 2012 16:31
„Макроекономските и финансиските политики на Косово се во голема мерка на вистинскиот пат. Сите квантитативни критериуми кон крајот на август се исполнети, иако имаше скромен пад на наплатата на приходите тој беше компензиран со воздржаност од трошење“ - со ваква оценка излезе Меѓународниот Монетарен Фонд откако завршија октомвриските средби со властите на Косово . Во оценката се посочува дека и покрај малото потфрлување на буџетските приходи, сепак тие ги наминале очекувањата. Позитивна оценка беше испорачана и за започнување на тендерската постапка за продажба на телекомуникациската компанија „ПТК “ . Дополнително , ММФ соопштува дека властите на Косово и ММФ се согласиле и околу контурите на буџетот за 2013 та година. Според очекувањата , позначајно зацврстување на фискалната политика се очекува во 2014 та година.
„Косовската економија продолжува да се прикажува значителна еластичност во однос на надворешните финансиски турбуленции. Зголемувањето на тековните и капиталните приливи, особено од косовските дијаспората, продолжија. Според ММФ реалниот раст ќе надмине 3% и во оваа 2012 и 2013 година, што е повисоко ниво отколку она што се предвидува за повеќето од соседни земји“, пишува во оценката на ММФ за Косово што ја објавува „Фактор “ . Банкарскиот систем, според ММФ , останува добро капитализиран и ликвиден, и покрај тоа што биле регистрирани некои зголемувања на нефункционалните заеми. Постигнат е напредок во зајакнувањето на бизнис климата, вклучително и во областите на рационализирање на деловната регистрација и заштита на инвеститорите. „Сепак, ризиците остануваат, вклучувајќи и евентуално влошување на пазарот на труд “, заклучуваат од ММФ .* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





