Косовскиот суд пресуди, казна за вмешаните во нелегална трансплантација на органи
Објавено во: Балкан 29 Април, 2013 18:27
По над 100 судски рочишта од октомври 2011 година, Основниот суд во Приштина со изрекување на затворски и парични казни го затвори случајот „Медиус“ во кој за нелегална трансплантација на органи беа обвинети Љутфи Дервиши, уролог и сопственик на клинката, неговиот син Арбен Дервиши, лекарите Дритан Јилта, Сокол Хајдини, Сулејман Дула и Ислам Битиќи, како и поранешниот секретарот на Министертвото за здравство, Илир Рецај.
Судот изрече казна од осум години затвор и 10.000 евра за Љутфи Дервиши, а неговиот син Арбен доби седум години и три месеци затвор и парична казна од 2.500 евра, јавија косовските медиуми.
На Сокол Хајдеини му е изречена затворска казна во траење од три години, додека на Дритан Јилти и Илир Рецај се ослободени. Ислам Битичи и Сулејман Сула добиле по една година затвор и по две условно, на Љутфи Дервиши му е одземена лиценцата на две години, а сите погодени во случајот „Медикус“ ќе бидат обештетени со 15 ијади евра, кои треба да ги платата таткото и синот Дервиши.
Според обвиненето, на клиниката близу Приштина биле извршени 30-тина нелегални трансплантации на бубрег. Од сиромашни луѓе од Турција, од Русија, од Молдавија и од Казахстан биле отстранувани бубрези за кои ги излажале дека ќе добијат до 15.000 евра за бубрег. Подоцна органите се продавале на богати пациенти, кои плаќале над 70.000 евра за трансплантација.
„Медикус“ е затворена во 2008 година, а во извештајот на Советот на Европа се наведува дека припадниците на Ослободителната војска на Косово тргувале со органите на заробениците за време на судирот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





