„КОСОВСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ СМЕАТ И ВЕЛАТ - НЕМАМЕ ПРИЧИНА ДА МУ ПОМОГНЕМЕ , НЕКА УМРЕ: Вучиќ објави аудио снимка по инцидентот во Бањска
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2023
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на синоќешното обраќање по повод ситуацијата на северот на Косово прочита делови од транскриптот од аудио снимката на која се слуша, како
што рече, дека членовите на косовската полиција не му помогнале на ранетиот
Србин, оставајќи го да умре.
Ова се долови од аудио снимката:
„Адем, Адем, не се секирај“, се слуша машки глас на албански.
„А ако умре, ништо“.
По ова српскиот претседател изјави:
„Следевме што прави албанската полиција. За еден човек прашање е дали преживеал затоа што не сакале да му помогнат. Имаме аудио снимка на која албанските полицајци се смеат и велат: „Немаме причина да му помогнеме , нека умре“, рече Вучиќ.