КОСОВСКИТЕ СРБИ ПАК НА ПРОТЕСТ: Уапсен е лидерот на Српска демократија
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2024
Србите во Северна Митровица денеска протестираа поради апсењето на политичарот Александар Арсенијевиќ.
Пред полициската станица во Северна Митровица утрово имаше протест поради апсењето и полициското приведување на лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тој вчера беше по петти пат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица.
Тој сега првпат не е ослободен, туку му е одреден 48-часовен притвор. Од вчера е во притворското одделение во јужна Митровица, а активистите на неговата партија синоќа најавија протест и бараат итно ослободување.
Српските власти често се жалат дека косовската власт на чело со премиерот Албин Курти врши прогон на Србите. Српското малцинство е во северниот дел на Косово, каде последниов период имаше инциденти.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.