05 Декември, 2025
0.0276

Коста Конкордија ќе ја спасува економијата на Италија

Објавено во: Анализа 22 Јули, 2014 09:58

Добивај вести на Viber

Откако огромниот брод "Коста Конкордија" заседна крај бреговите на Изола дел Џиљо во 2012 година, жителите на островот живеат со еден челичен труп кој се издига над нив и ги потсетува непрестајно за инцидентот кој одзеде 32 човечки животи. Двапати поголемиот од "Титаник" брод помина премногу блиску до тосканскиот остров, кога се удри во карпа и делумно потона. Бродот е на истото место и до денес. Пловното средство најпосле е кренато како дел од најголемата операција за извлекување во историјата, која веќе е во својата финална фаза. Кога ќе биде завршен, големиот проект ќе донесе повеќе од 1 милијарда долари за италијанската економија. Бродот, чиј капетан Франческо Скетино срамно го напушти пред патниците да бидат евакуирани, и кој е суден за убиство без предумисла, ја чини компанијата Costa Croicere 450 милиони евра (600 милиони долари). Операциите за извлекување започнаа во февруари 2012 година со извлекувањето на 5645 тони гориво, спречувајќи можност за огромна природна катастрофа на италијанската крајбрежна линија. Потоа во септември 2013 година, бродот беше искосен и беше опкружен со платформа во очекување на мигот кога конечно ќе биде отстранети од местото. Последната фаза од операцијата започна на 14 јули и бродот најпосле е на површината. На 22 јули тој ќе биде транспортиран цели 370 километри до Џенова. Таму тој ќе биде расклопен на делови - работа која ќе трае две години и ќе им обезбеди работни места на стотици луѓе. Цената на операцијата досега е приближно 1,1 милијарди евра, иако прогнозите покажуваат дека целата сметка за Carnival Cruise, британско-американската компанија, која го поседува Costa Croicere, ќе достигне 1,5 милијарди евра. Поголемиот дел од парите, околу 61%, ќе бидат потрошени за италијански стоки и услуги, тврди извршниот директор на Costa Crociere Мајкл Таму. Ова може и да изгледа мала сума, но сега се тешки времиња за економијата на Италија и дури и мали нешта се од значење за неа. Иако станува збор за трагичен настан, министерот за животна средина на Италија Џанлука Гален нагласува дека италијанското учество во операцијата е успех за земјата. Менаџерите на неколку странски пристаништа, вклучувајќи ги и тие во Норвешка, Велика Британија и Турција, упатија предлози тие да го демонтираат бродот. Пристаништето во Измир, Турција, пак дури предложи да ја заврши работата за 40 милиони евра - половина од сумата понудена од Џенова. И сепак Џенова ја освои поради нејзината географска и инфраструктурна предност. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени