Коста Митровски нов претседател на Здружението на банкарството
Објавено во: Економија 18 Март, 2016 16:36
Коста Митровски, претседател на Управниот одбор и извршен директор на Универзална инвестициона банка – УНИ Банка АД – Скопје е избран за нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија за следниот 4-годишен мандат.
Поради оставката на Ѓорѓи Јанчевски, поднесена заради неговото пензионирање од функцијата претседател на УО на НЛБ Тутунска банка АД – Скопје, Здружението на банкарството денеска одржа седница на која едногласно го избра новиот претседател.
Здружението на банкарството е основано во 1970 година, како стручен облик на организирање и работење во состав на Стопанската комора на Македонија. Членови на Здружението се финансиските организации од Република Македонија, сите банки, друштва за работа со хартии од вредност, лизинг компании, штедилници, финансиски друштва, друштва за управување со инвестициски фондови.
Здружението има повеќе групации и комисии според секторите кои согласно својата проблематика и дејност постојано се среќаваат и соработуваат со цел донесување на заеднички прифатливи решенија. Здружението има воспоставено одлична соработка со НБРМ, Министерството за финансии, КИБС, Комисијата за хартии од вредност, Управата за финансиско разузнавање, Македонска берза, Централниот депозитар за хартии од вредност, Фондот за осигурување на депозити, Дирекцијата за заштита на лични податоци и други институции од земјата и надвор од неа.
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија од 1 јули 2011 година е придружен член на Европската банкарска федерација со седиште во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




