05 Декември, 2025
0.0620

Коста Митровски: Продажбата на моите лични акции не влијае на цената на акцијата на Уни банка

Објавено во: Анализа 25 Јуни, 2015 13:36

Добивај вести на Viber

Откако “Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста достави прашања до претседателот на Управниот одбор на „УНИ Банка“ во кои прашавме за мотивите за продажба на неговите акции во банката, г-дин Коста Митровски ни одговори а одговорите ги пренесуваме во целост: 

-Од кои причини г-дин Коста Митровски одлучи да ги продаде неговите акции во УНИ Банка и тоа во услови кога банката има континуитет на позитивни резултати од работењето?

„Мотивот за продажбата на моите акции од банката е од лична причина поради неопходната потреба од парични средства за завршување на веќе отпочната инвестиција за градба“.

-Дали има ризик овој потег инвеститорската заедница да го препознае како негативен сигнал односно дека акцијата не е за купување што претседателот на Управниот одбор ги продава своите акции?

Продажбата на незначителниот број на акции што ги поседував од банката не претставува никаков ризик за потенцијалните инвеститори и понатаму да вложуваат во истата . Видено од информациите на Македонска берза, таа и понатаму континуирано расте а тоа се должи на терманентниот раст на банката и остварување на добрите резултати“, се посочува во одговорите од Митровски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени