16 Мај, 2024
0.0320

Костадиновски: За избор на Мажи на годината во Македонија ќе се зборува долго

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Марко Костадиновски, сопственик на агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации Вај Нот Комуникации, и дел од организацијата на првиот настан за избор на Мажи на годината во организација на Friday.mk и Momentum Inc. во интервју за Фактор зборува за идејата, за деталите околу изборот.

1. Од каде е идејата да се организира ваков настан? Да сме искрени имаме малку настани кај нас од вакоов тип.

- Идејата за ваков настан постои веќе со години. Среќни сме што успеавме да најдеме партнер во МОМЕНТУМ, агенција за организација на настани, која е докажан професионалец и се со огромно искуство во овој сегмент. Идејата заеднички ја разработивме бидејќи од првична идеја па до реализиција знаеме дека патот е најдолг. Имено како дел од единствениот машки онлајн магазин кај нас, од самото започнување со работа, секогаш сме планирале да го надоградуваме со активности и можности за посетителите. Сајтот го отворивме во 2015 година и сега е позициониран како сајт со наистина квалитетна содржина и исклучително квалитетна публика. Пред некое време ја отворивме и првата онлајн продавница специјализирана за мажи www.fridayshop.mk каде можат да купат буквално се...од гардероба до ексклузивни часовници. Идејата како што кажав постои долги години, пред се поради потребата да бидат признаени успесите на мажите. Имаме доста избори за успешни луѓе, но избор за мажи на годината немаме. Македонија според мое мислење, е земја со најмалку настани на годишно ниво, земја со најмала критична маса за голем број на работи, и со овој настан сакаме да внесеме свежина, сакаме да направиме јавноста да препознава квалитет. Да бидам искрен поради ова имам чувство дека мажите се најдоа во позиција на маргинализирана маса во општеството, односно без признанија за успехот кој го градат. Не ни е целта да се натпреваруваме со жените, напротив, сакаме да бидеме мотив за сите за лични успеси и успеси на професионален план.

2. Каде ќе се одржува и каков тип на настан станува збор?

- Се работи за настан кој е замислен да биде гала вечер. Настанот ќе се одржува на 28.11. во 20 часот во Тренд Гастро бар во Аеродром. Настанот ќе биде ексклузивен сам по себе. Вистинско шоу во траење од околу  еден час и еден час предвиден за забава. Замислата е да оставиме белег за таа ноќ за која ќе се зборува во иднина многу.

3. Колку има успешни мажи кај нас?

- Бидејќи сум веќе со години во бизнис секоторот, и сум дел од доста случувања можам да кажам дека имаме навистина луѓе кои се за почит. Без разлика дали се рабoти за луѓе кои оставиле трајни вредности во општеството, во бизнисот, културата, спортот, Македонија има мажи на кои треба да е горда. Искрено имам чувство дека во последните години поради разни фактори, нивото на култура и развој на личен план стагнира, се повеќе има фрустрација и нервоза, и кај младите и кај постарата генерација. Развојот на мажите зависи од желбата пред се лична во која насока ќе се развиваат и каде се гледаат.

3. Каков е начинот на кој се одбира Маж на годината? Дали има некои криетриуми?

- Како што знаете изборот на Мажи на годината е во организација на ФРАЈДЕЈ И МОМЕНТУМ, а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и Асоцијацијата на менаџери на Македонија. Имаме 10 категории Маж на годината, Менаџер на годината, Странски менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж во избор на социјалните мрежи, Најдобро облечен маж. Да се биде дел од номинираните секако дека треба да се исполнуваат некои критериуми како што се личниот успех, придонесот во општеството, вложувањето во заедницата, успехот на компанијата, тимот, или пак институцијата која ја преставуваат, како и начинот на живот кој го водат. Во секоја категорија имаме жири од неколку лица. Тоа се најчесто институции или пак луѓе со кредибилитет во општеството. Секој од нив добива предлог листа на номинации кои они ја дополнуваат со кандидати кои сметаат они дека се најверодостојни за наградата во која се они жири. Од тие номинирани, жирито гласа онлајн и гласовите одат до организаторите. Лицата со најмногу гласови ја добиваат наградата во секоја категорија. За наградата за МАЖ НА ГОДИНАТА изборот се сведува од сите номинирани кој освоил најмногу гласови од вкупниот број на претставници на жирито. Значи во таа категорија гласаат сите членови на жири комисијата.

4. Кои се во жири комисијата? И дали има лобирања за наградите?

- Жири комисијата е составена од признати и еминентни институции и поединци. Нашата цел е да направиме организација во која ќе ги вклучиме сите кредибилни институции и поединци кои имаат навистина право да одлучат за секоја категорија. Со тоа би си дале право да го организраме овој настан секоја година без да имаме негативни критики. Имаме околу 25 лица кои се дел од жири комисијата. Како поддржувачи на настанот, Сојузот на стопански комори и Асоцијацијата на менаџери на Македонија имаат свои претставници во дел од категориите. Имаме претставници на АмЧам, имаме од УСАИД, имаме од Ротари, од Лионс Интернешнл, имаме уметници, новинари. Интересот е огромен, и со самото тоа нормално е да има и некакво лобирање, но сето тоа е во граници на дозволеното. Нема притисоци, нема наметнување на кандидати со сила, и нема јавувања, бидејќи пак е кажам, овој настан е во интерес на сите да биде традиција.

5. Каков е одзивот на компаниите и јавноста, дали има заинтересирани? Како го прифатија?

- Многу  сме среќни како организатори дека огромен број на компании и лица го препознаа настанот и дадоа поддршка. Искуството на Моментум и нашето во сегментите во кое твориме им дадоа доверба на сите кои се вклучија во приказната. Настанот го препознаа и голем број на медиуми и би сакал да им изразам огромна благдарност на нив, што настанот заедно со нас го носат на едно високо ниво. Голема благодарност до Бекстејџ кои се наш главен медиумски покровител. Исто така сакам да изразам голема благодарност до Пивара Скопје и Амстел, Аутомобиле СК, Фабрика Карпош, Диоптра, Орбико, Анабела Парфимерии, Шел, Тренд Гастро Бар, што го подржаа настанот како спонзори.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“