26 Ноември, 2024
0.0266

Ковачевски: „Гарантираната цена“ зависи од движењето на цените - соработуваме со професори кои ги следат маржите

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Дали ќе продолжи да се применува мерката „гарантирани цени“ не зависи само од носењето на Законот за нефер трговски практики, туку од движењето на цените на пазарот, рече премиерот Димитар Ковачевски. 

Според него, цените и маржите се следат, во тој сегмент се соработува со експертската фела, а одлуките се носат зависно од проценката.

Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за ортопедски болести, законот за нефер трговски практики во чие изготвување и тој лично учествувал, сигурно ќе оди во процедура. Законот е, нагласи, одличен и со него ќе се ограничи можноста за профитирање на грбот на граѓаните.

- Таа мерка ќе зависи не само од законот за нефер трговски практики, туку и од движењето на цените на пазарот. Ние во Министерството за економија имаме колеги, соработуваме и со професори кои го следат движењето на маржите и на цените во ланецот на продажба, од производство до крајот, и зависно од проценката се носат одлуките дали ќе продолжи или нема да продолжи, а законот сигурно ќе оди во процедура. Јас лично имам учествувано во правењето на тој закон и сметам дека е одличен закон во кој ќе се ограничи можноста за профитирање на грбот на граѓаните - подвлече премиерот.  

Откако на 20 септември 2023 година стапи во сила, мерката „гарантирана цена“ продолжи да важи до крајот на 2023 година, наместо до 30 ноември, како што првично беше предвидено. Потоа, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека мерката ќе се применува и во јануари 2024-та, односно до донесувањето на законот за нефер трговски практики. Меѓу производите опфатени со „гарантираната цена“ се стандардните типови леб, брашно, ориз, млеко и јогурт, дел од месото и млечните производи, јајцата, безалкохолните пијалаци, пивото и флашираната вода, бисквитите, наполитанките, овошјето, зеленчукот... 

Тие, согласно владината одлука, треба да имаат 10 отсто пониски цени во однос на цените што важеле за нив во маркетите на 1 август 2023.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво