Ковачевски: Институциите да ги испитаат сите аспекти од договорот за изградба на автопатиштата
Објавено во: Економија 29 Март, 2023 12:28
Сите институции кои имаат надлежност треба да ги испитаат сите аспекти од договороот со компанијата „Бехтел и Енка“ која ќе го гради новото автопатско решение, но и постапката за избор на компанијата за надзор. Ова го посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.
- Изведувачот Бехтел и Енка се избрани со посебен закон во собранието, поддржан од сите пратеници, поддржан од уствниот суд. Надзорот на овој проект е избран низ постапка на јавните институции задолжени за водење на оваа постапка. Во таа постапка учествувале три компании, спроведено е преку соодветните законски постапки. Сите институции во држаата кои имаат надлежност треба да го проверат целиот проект, па и јавното обвинителство и антикорупциска да постапат за да се испитаат сите аспект, и сите документи кои се опфатени ќе и бидат достапни на антикорупциска да провери - укажа Ковачевски, кој дополни дека е среќен што е направен изборот, бидејќи се овозможи автопатско инфраструктурно поврзување по коридорот осум, и што тој автопат е ставен во гурпата паневропски коридори, со што ќе се обезбеди излез и на пристаништата во Драч и Бургас, и ќе може да бидат финансирани проектите од европските средства.
Аериканско-турскиот оператор ќе ги гради автопатите Коридорите 8 и 10д за 1,3 милијарди евра, а експропријацијата е пресметано дека ќе чини дополнителни 300 милиони евра. Консултантот ЕРД Инженеринг е ангажиран посебно за 22 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




