Ковид-19 за 10 дена ќе го урне здравствениот систем на Швајцарија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Март, 2020 09:32
Експанзијата на Ковид-19 во Швајцарија целосно
би го урнала здравствениот систем во земјата, предупредува раководителот на
Канцеларијата за заразни болести на Швајцарија, Даниел Кох. Вели дека неговите
стравувања се сосема оправдани, поради фактот што вирусот засега се пренесува
со невидена брзина. Последните информации, како што потенцира Кох се дека досега
во Швајцарија се заразени 2.742 лица, а починале 27 пациенти.
„Луѓето кои денеска се заразија ќе не контактираат дури за 10 дена. Мораме да бидеме сигурни дека експанзијата на вирусот ќе забави уште денеска. Во спротивно, за 10 дена швајцарските болници болници ќе бидат преполни и нема да можат да се изборат со тоа“, вели Кох.
Швајцарските власти ангашираа дури 8.000 војници кои им помагаат на јавните служи и на медицинскиот персонал, а имаат на располагање уште 1.000 до 1.200 места на одделенијата за интензивна нега.
Според Кох, забразаниот пораст на бројот на заболени ги оневозможува властите да дојдат до точни податоци за бројот на ново инфицирани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





