КОВИД БИЛАНС: Денеска има повеќе оздравени од заболени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Март, 2021
Во Македонија денеска има повеќе оздравени од заболени од коронавирусот.
Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи. Во истиот период има 449 оздравени пациенти. По градови, најмногу оздравени има во главниот град. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во Скопје има 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.
foto freepik