КОВИД БИЛАНС ЗА ЕДНА НЕДЕЛА: Најкритично е во Неготино
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2021
За 23 отсто e зголемен бројот на новозаразени од коронавирусот. Најмногу регистрирани случаи има во Скопје, а најкритично е во Неготино.
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека во периодот од 1 до 7 март 2021 година, има 4.463 нови позитивни од вкупно 35 градови во државата.
„Највисока неделна инциденца од 847,9 случаи на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, заедно со Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7 отсто, или во просек 20,9 отсто, 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (20,1 отсто), 40-49 (17,8 отсто), 50-59 (17,4 отсто) и 20-29 (14,0 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,3 отсто) и 10-19 години (5,2 отсто). По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус ‘оздравени‘ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела“, стои во соопштението на ИЈЗ.
Пријавени се 57 починати од 16 градови, 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела. 50 од нив биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години.За 24 часа во Македонија има нови 913 заразени и 16 починати од ковид -19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.