26 Ноември, 2024
0.0270

Ковид се повеќе ги вознемирува граѓаните па масовно се вакцинираат од сезонски грип: Лекарите предупредуваат-инфекцијата не е иста, мерките мора да се почитуваат

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Корона вирусот, кој според сите прогнози на здравствените власти и кај нас и воопшто во зветот, овој период станува многу посилен, неговата вирулентност е најмалку двојно зголемена во однос на топлите месеци, конечно ги преплаши и оние најтврдокорните, кои досега не веруваа дека воопшто постои. Тоа го покажува и огромната заинтересираност за вакцинацијата против сезонскиот грип, велат во разговор за Фактор матичните лекари од неколку приватни ординации по општа медицина.

-Големиот број на новозаразени со Ковид-19, преполните болнички капацитети, но најмногу и големата смртност на пациенти болни од вирусот, си го направија своето. Дел од моите пациенти, би можела да речам, дека до сега и не веруваа дека ваков вирус постои. Сите оние теории на заговор и придонесоа за тоа, но еве и сами гледате, реалноста е сосема поинаква. Хроничните пациенти кои секоја година се вакцинираат, и оваа година уредно си побараа термин за апликација на вакцината. Закажуваме непречено и без проблем. Но, она што би сакала да истакнам е дека и пациенти кои се здрави, кои во ординацијава не стапнале со години, зошто немаат никакви сериозни здравствени проблеми, сега инсистираат да се вакцинираат против сезонскиот грип. За жал, ние не можеме да им закажеме, зошто не припаѓаат во ниту една од ризичните категории, ќе мора да причекаат да стигнат дополнителни дози за оваа група граѓани, откако вчера за само неколку часа се потрошија првите 2.000 дози, вели матичниот лекар од една од приватните ординации во Скопје.

За разлика од изминатите години, кога остануваа непотрошени вакцините против сезонскиот грип, сега имаме сосема спротивна слика, масовен одѕив за имунизација против сезонскиот грип. Но, матичните лекари посочуваат дека сите кои веќе ја примија вакцината и кои во наредниот период ќе ја примат, никако не смеат да се потпрат на верувањето дека на тој начин се заштитуваат и од корона вирусот.

-Многу е важно да се знае ова, граѓаните да не мислат дека ако примиле вакцина против сезонски грип, нема да се заразат од ковид. Сакам да речам дека мерките и понатаму, најригорозно мора да се почитуваат. Во разговор со моите пациенти често слушам-и ковид е како грип, само малку посилен....Ова е сосема погрешно мислење. Бенефитот од вакцинацијата против сезонски грип е огромен, но не штити од ковид, само од грип. И за нас лекарите во идниот период ќе биде полесно да направиме разлика, ако некој има висока температура, а примил вакцина против сезонски грип, тогаш нема да го внесуваме во евиденцијата на болни од сезонски грип, вели нашиот соговорник.

Вакцинацијата против сезонскиот грип почна вчера. На шест пункта во Скопје во рамки на поликлиниките Јане Сандански, Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар и Букурешт се аплицираат вакцини на сите ризични групи и вакцините се бесплатни. За сите останати граѓани, кои самоиницијативно ќе решат да се заштитат од сезонската инфекција, вакцинацијата ќе продолжи во Центарот за јавно здравје откако ќе бидат донесени нови дози, а цената е 800 денари.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав