КРАЈ НА БЛОКАДАТА: Хрватска ја отвори границата со Србија
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2015 09:12
Хрватската влада ги отвори за движење сите гранични премини со Србија.
Во владиниот профил на Twitter хрватскиот кабинет објави дека граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за сите видови на движења, без никакви ограничувања.
Дописниците на српските медиуми објавија дека движењето е обновено, вклучувајќи и автомобили со српски регистарски таблички. Почна преминувањето на границата и на камиони, кои веќе неколку дена беа блокирани на српско-хрватската граница.
Во 18.00 часот вчера на пракса е укината блокадата на границата, која беше воведена поради огромниот наплив на мигранти од Србија во Хрватска. Само за една недела во земјата пристигнаа околу 60 000 луѓе.
Вчера еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повика ги властите во Белград да ја тргнат блокадата, бидејќи тоа е во интерес на сите земји од Западен Балкан.
Хрватскиот парламент се самораспушта, почнувајќи од 28 септември. Предвремените избори за пратеници во земјата ќе се одржат во месец ноември.
Иако за време на својот мандат Владата успеа да постигне економски раст, тоа беше подложено на голем притисок во врска бегалската криза. Според анкетите лидерското место го зазедоа претставниците на опозициските десничарски партии.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




