Крај на војната? Макрон објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
Објавено во: Свет 26 Април, 2025 18:50
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим на социјалната мрежа Х објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот.
Тој соопшти дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.
„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на 'коалицијата на добронамерните', започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.
Зеленски се сретна и со Трамп и британскиот премиер Кир Стармер, кој присуствуваше на погребот на папата Франциск во Рим, а Елисејската палата објави дека средбите поминале добро.
Трамп претходно изјави дека Крим ќе остане руски, според предложениот мировен план за крај на војната во Украина. Во интервјуто за магазинот „Тајм“ по повод неговите 100 дена во Белата куќа, Трамп кажа дека Русија немаше да го анектира Крим во 2014 доколку тој беше претседател на САД во тоа време.
Во средата, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека мировен план предвидува блокада на членството на Украина во НАТО и замрзнување на линиите на фронтот блиску до она каде што се наоѓаат сега.Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




