05 Декември, 2025
0.0630

Крај за Топилницата во Велес

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2013 19:25

Добивај вести на Viber

Велешани се чини може да здивнат откако и Советот на Општина Велес,  даде зелено светло за бришење на Топилницата од картата на градот. На денешната седница советниците ја  ја усвоија предлог-одлуката за изменување и дополнување на ГУП-от на Велес. Со ова на просторот кај Топилницата треба да никне зелен појас. Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес истакна дека Топилницата или било кој тежок загадувач повеќе нема да работи среде Велес, а процедурите за добивање на дозвола за работа подразбираат аплицирање на инвеститорот, како што е сега тоа со „Метрудхем“ до надлежните Министерства, тоа за транспорт и врски и за животна средина. Оттука, ако локацијата каде што ги предвидуваат своите активности со урбанистичкиот план не е предвидена намена за загадувачка индустрија, тие не ќе можат да добијат согласност, односно дозвола за работа. „Но, ова не значи дека завршува борбата за спас на Велес од Топилницата и борбата за здрава животна средина на Велес.Напротив треба да се превземат уште мерки, како што е дислокација на јаловината на згура или црниот рид над Топилницата, а кој е се уште опасност за градот, ќе треба да се превземат мерки за фиторемедијација или било која друга форма на прочистување на почвата на јавните површини во Велес, како и активности за дислокација на самите објекти од Топилницата“, рече Колев. За таа цел, најави, Советот на Општина Велес ќе донесе решение со кое ќе именува нови членови во Одборот за спас од Топилницата, а на кои им е престанат мандатот, да ги продолжат овие зацртани активности во наредниот период. Претходно и Министертсво за транспорт и врски до Општината Велес достави одобрение на промена на урбанистичкиот план.Велешани иницијативата ја дадоа пред две години, по што се чекаше Министерството за транспорт и врски да дозволи промена на ГУП-от, што сега ja усвои и Советот на општината. Како голем проблем за Велес сега останува згурата, бидејќи во депонијата од топилницата создавана 3 децении има 900 илјади тони оловна, цинкова и кадмиумова згура која е исто опасна колку и фабриката, предупредуваат експертите.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите