„КРАЈНО ГРУБО И АРОГАНТНО ОД ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА, СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО БАНДИТИ“: Лошо искуство на турист од Србија во Пефкохори
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2025 07:00
Грчката полиција како да го чека летото за да го наполни државниот буџет со пари од туристите кои во неможност да најдат паркинг место, возилата ги паркирале долж улица.
Не само што пишуваат казни, туку и ги земаат регистарските таблички, па на туристите им е невозможна мисија да успеат да си ги земат табличките.
Такво е искуството на еден турист од Србија, кој, бил на одмор во Пефкохори, каде периодов владее вистински хаос од туристи. Гужва има огромна, а нема доволно паркин места каде туристите би можеле да се паркираат.
„Утрово ни ги симнаа регистарските таблички во Пефкохори. Автомобилот беше паркиран на улицата пред сместувачкиот капацитет. Ова ни е 11-та ноќ. Вечерва треба да се упатиме кон дома. Автомобилот беше таму цел ден. Сопственикот вели дека никогаш не го допреле, дури и му напишале казна нему и на уште неколку автомобили. Ситуацијата со паркирањето во Пефкохори е хаотична. Многу автомобили, а малку паркинг. Повеќето туристи паркираат на улица, среќа е ако можат да најдат паркинг место таму. Мислам дека ова е крајно грубо и арогантно од страна на грчката полиција. Во 4:15 часот наутро ни напишаа казна. Како бандити или крадци, тие ги прават овие работи ноќе. Не сме единствените, пред неколку дена им ги симнаа регистарските таблички на луѓето на следната улица. Не им е гајле што оставаме толку многу пари тука, и нè казнуваат. Има знаци насекаде на кои пишува дека е забрането паркирање, а автомобилите се паркирани насекаде. Едноставно кажано, многу туристи, многу автомобили, а нема каде да се паркира. Цел Пефкохори е таков. Нашите коли никому не му пречеа. Има доволно простор и камион за поминување. Но, па, 11 дена сè беше во ред, на 12-ти беа отстранети табличките. Што да кажам, внимавајте, бидејќи правилото е дека нема правила. Ја платив казната во поштата, а сега морам да одам во полициската станица во Касандрија да ги земам табличките“, напиша Ненад.

Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




