05 Декември, 2025
0.0326

Крајслерите си заминуваат, полицајците ќе возат „шкода јети“

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2013 15:21

Добивај вести на Viber

„Шкода јети“ од денеска ќе ги замени полициските „крајслери“ кои се користеа повеќе од 12 години.Полицијата денеска ги промовираше своите возила. Како причина за набавката од 150 автомобили од брендот Шкода беше наведена превисоката сума за одржување на старите полициски возила, но и потребата од поголема сигурност за полициските службеници.

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, станува збор за возила кои се далеку поекономични од оние кои досега беа во употреба. Таа информираше дека од новите возила ќе добијат речиси сите сектори за внатрешни работи,а досегашните „крајслери“ од кои во исправна состојба се 142 возила, во најголем дел ќе бидат продадени.

„Ќе објавиме продажба на „крајслерите“ и ако има заинтересиран ќе може да ги купи. Но, одреден број  од нив се уште се во солидна возна состојба и во МВР ќе се направи анализа колку од нив се уште можат да и служат на полицијата, а таа бројка, која не верувам дека ќе биде голема, и понатаму ќе остане во функција на МВР“, појасни Јанкулоска.

На тендерот што го распиша Министерството за внатрешни работи за набавка на 150 нови возила како најповолен понудувач беше избрана компанијата „Порше Македонија“ која даде најниска понуда од 199.750.000 денари за набавка на возилата, односно за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата.

Новите возила се во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување.

Инаку, просечната потрошувачка на „шкода јети“ е околу 6 литри со дизел мотор, за разлика од просечната на „крајслерите“ која беше околу 16 литри со бензински мотор. Во првите три години од користењето на автомобилите „шкода јети“, сервисот е бесплатен и се обезбедени резервни гуми за сите 150 возила.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?