Кралица Елизабета Втора: Несекојдневни обичаи поврзани за смртта на британските монарси
Објавено во: Свет 16 Септември, 2022 08:30
Смртта на британската кралица Елизабета Втора и стапувањето во функција на кралот Чарлс Трети, за прв пат по многу години ја донесоа на виделина високо церемонијалната природа на кралското семејство.
Некои од тие традиции и обичаи може да ги изненадат дури и оние кои се сметаат за познавачи на монархиски прашања.
Еве некои од понеобичните примери.
Како им беше соопштена тажната вест на пчелите
This #WorldBeeDay, let’s create a buzz around these vital pollinators, & celebrate the role they play in our ecosystems:
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 20, 2020
Nearly 90% of the world’s wild flowering plants depend entirely, or in part, on animal pollination
As do 75% of the world’s food crops pic.twitter.com/ld2fw1iEjF
И покрај огромната медиумска и социјална покриеност за смртта на кралицата, една група мораше да слушне за смртта на владетелот во живо - нејзините пчели.
Џон Чапл е кралски пчелар веќе 15 години.
Тој ја поддржа вековната традиција со тоа што ги извести кошниците со пчели што се чуваат во терените на Бакингемската палата и Кларенс Хаус (официјалната резиденција на Чарлс како принц од Велс) за тажната вест.
Во интервју за Дејли Мејл, Чапл објасни дека и тој барал од пчелите да бидат добри со новиот крал.
Ритуалот е дел од суеверието дека пчелите можат да престанат да произведуваат мед доколку не им се каже за промената на сопственикот.
„Личноста што умре е господар или господарка на кошниците - некој важен во семејството кој умира - а вие не станувате поважен од кралицата, нели?“, рекол пчеларот.
„Тропаш на секоја кошница и велиш: Господарката е мртва, но не одете си. Вашиот господар ќе биде добар господар“.
Дали и кралот ќе има двоен роденден?
Меѓу многуте одлуки за прослава што ќе ги донесе кралот Чарлс III, една е прилично лична, а тоа е прославата на неговиот роденден.
Познато е дека кралицата Елизабета Втора имала два родендени - родена на 21 април, покојниот монарх имаше официјални прослави во втората сабота во јуни, со парада позната како поздрав во боја.
Зошто?
Па, април е обично студен месец во ОК за настани на отворено, додека летото започнува во јуни.
Традицијата, сепак, е многу постара.
Се започна со Георгиј Втори во 1748 година, кога тој реши да ја поврзе својата роденденска прослава со веќе постоечката празнична парада.
Дали Чарлс III ќе ја одржи традицијата жива?
Сè уште не знаеме, но важно е да се напомене дека новиот крал е роден во ноември - едвај месецот да е познат по сонцето и топло време.
„Се обложувам дека новиот крал ќе ги задржи работите како што се, имајќи предвид дека е роден во есенскиот месец и дека поздравот во боја е популарен спектакл“, изјави за Би-Би-Си кралскиот историчар Ричард Фицвилијамс.
Потсетувајќи се на крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во јуни 1953 година, Фицвилијамс истакнува дека времето во Британија е непредвидливо.
„Времето беше ужасно тој ден“, вели тој.
„Кралиците и кралевите не можат да влијаат на тоа.“
Работната сила ја надминува коњската моќ
Од 1901 година, погребите на британските монарси се обележани со глетката на морнарите на Кралската морнарица кои користат јажиња за да го влечат ковчегот на суверенот, погодно поставен на кочија.
Овој избор на работна сила наспроти коњски сили може да изгледа збунувачки.
Сепак, оваа традиција е започната во 1901 година, на погребот на кралицата Викторија.
Во таа прилика сè уште беше обичај коњите да ја влечат кочијата со ковчегот на владетелот.
Но, се случи нешто застрашувачко - во моментот кога животните побегнаа.
„Коњите не реагираа добро на многу студеното време и се покажа дека ковчегот на кралицата Викторија за малку ќе испаднел“, изјави за Би-Би-Си кралската историчарка Кели Сваб.
По наредба на кралот Едвард VII, наследникот на Викторија и нов монарх, на помош дошле морнарите кои учествувале во погребниот кортеж.
„Имаше гости од целиот свет и целата работа можеше да биде огромен срам.
„Наместо тоа, кралската традиција се роди од чист хаос“, додава Сваб.
За време на погребот на кралот Џорџ VI во 1952 година - последен пат кога се одржа ваква кралска церемонија - 138 мажи беа задолжени за работата.
Кршење на стапот
Помеѓу помпата и раскошот што се очекува на кралските церемонии, има еден за кој малку луѓе слушнале.
Традицијата ја диктира задачата на лордот Чембрлен, титула која му се доделува на највисокиот офицер во кралското домаќинство и чиишто церемонијални должности вклучуваат придружување на владетелот при неговата годишна посета на Парламентот.
Тој мора да го скрши својот церемонијален бел стап над гробот на починатиот монарх за да го означи крајот на службата.
Сегашниот лорд Чембрлен е Ендрју Паркер, поранешен шеф на МИ5, една од британските разузнавачки агенции.
Таа должност ја презеде во април 2021 година.
Церемонијалниот гест постои со векови.
Последен пат беше изведен пред повеќе од 70 години, кога грофот од Кларендон го скрши стапот над гробот на Џорџ Шести, таткото на покојната кралица.
А Ричард Фицвилијамс вели дека ваквите обичаи и даваат посебен шарм на британската монархија.
Ваквите традиции го прават британското кралско семејство навистина уникатно“.
Извор: БиБиСи
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




