28 Септември, 2024
0.0314

Кралот е прогласен, да живее кралицата Летиција!

Објавено во: Анализа 20 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Бајката се оствари. Поранешна новинарка стана кралицата на Шпанија, додека шпанската репрезентација ја изгуби титулата светски првак во фудбал. Медиумите ја опишаа како стилска икона Принцот Фелипе стана крал, стапи на шпанскиот престол. На ова му претходеше потпишувањето на законотна кралот Хуан Карлос со штој тој и формално абдицираше, предавајќи му ја круната на својот син. Церемонијата на која принцот Фелипе стана новиот крал на Шпанија, а Летиција стана кралица, се случи на полноќ. Беше скромна во знак на сочувство со шпанскиот народ, кој сеуште страда од кризата која ја погоди оваа земја Летиција, сопругата на Фелипе, официјално од денес е кралица на Шпанија. Медиумите во светот ја опишаа како кралска икона на стилот. Со свежина на  секојдневна елеганција, поранешната новинарка предизвикува внимание со своите шик моменти во секое јавно појавување, кои модните медиуми секогаш со одборување ги проследуваа. Токму и затоа не беше изненадување нејзината титула-стилска икона, веднаш по титулата која ја поседува како член на шпанското кралско семејство. Нејзиниот живот наликува на бајка која доби реалистичен крај. Но, не беше секогаш дел од кралското семејство. Летиција нема кралско педигре. Доаѓа од обично семејство од средната класа,  мошне слично како и  уште една популарна кралска сопруга, војвотката Кејт, со која најчесто и ја споредуваат. Таткото на Летиција е новинар, мајка и е медицинска сестра, а нејзиниот дедо бил таксист. Принцезата Летиција, од денес кралицата на Шпанија, својата кариера ја започна како репортер на Си ЕН Ен од Шпанија. Родена е во Австрија. Пред повеќе од деценија, Летеција ја познаваа како извонреден новинар, магистер по новинарство, добитник на многу новинарски награди, а воедно и презентер- уредник на најгледаните вести во Шпанија. Таа ги покриваше настаните како Граунд Зиро на 11 септември, но и воените настани од Ирак. Со сегашниот крал на Шпанија, Фелипе, во брак е од 2004та. По објавувањето на информацијата за доаѓањето на тронот на Фелипе,  медиумите уште повеќе го следеа секое нејзино појавување. Поради нејзиното минато, членовите на кралското семејство не го одобруваа влезот во нивниот семеен круг. Кралското семејство првично ја сметаше недостојна за нивниот наследник, поради тоа што таа има  претходен брак кој завршил со развод. Таа е првата мажена, па разведена кралица на оваа земја. Па ни шпанските медиуми не и беа наклонети најчесто. Ја критикува заради нејзиниот изглед, префрлајќи и ги промените кои според нивни информации се должат на пластични операции. И забележуваа дека е принцеза без насмевка, поради веројатното користење на ботокс заради помлад изглед. Свадбата на австриската принцеза Летиција Ортиз и шпанскиот крал Фелипе од Бурбон се случи на 22 мај 2004. Цела Шпанија со внимание ја следеше нивната свадбена церемонија. Церемонијата на која принцот Фелипе стана новиот крал на Шпанија, а Летиција стана кралица, се случи на полноќ. Кралот Фелипе Шести и неговата сопруга, кралицата Летиција, во отворен „Ролс-ројс“ минаа низ улиците на Мадрид, а ги поздравуваа насобраните граѓани и од балконот на кралската палата. Церемонијата на крунисувањето на Фелипе Шести во Мадрид беше проследена и со протести на стотици поддржувачи не Републиката, кои се собраа на плоштадот Плаза дел Сол,  барајќи да се стави крај на Монархијата во Шпанија. Р.В.