КРАЖБА ИЛИ НЕ, Нокиа му „лапна“ две милијарди долари на Епл
Објавено во: Свет 29 Јули, 2017
ЕПЛ уплатил 1,7 милијарди евра на сметка на Нокиа, пренесуват специјализираните портали.
Се работи за долг за кој никој не бил сигурен дали ЕПЛ е подготвен да го признае.
Сепак, на конференцијата за медиуми, во Нокиа откриле податок каде јасно се гледа, а и подоцна официјално е потврдено, дека Епл платил за тоа што бесправно користел некои патенти на Нокиа за бежични технологии.
Епл по вонсудските пресметки платил околу две милијарди долари на име бесправно користени патенти и повторно ги вратил уредите (часовници и друга нетелефонска опрема) во своите продавници во САД и други земји во светот.