19 Декември, 2025
0.0434

КРЕДИТЕН ЛЕТЕН ШПИЦ: Пари има, но банките го стискаат “ќесето“!

Објавено во: Економија 25 Јули, 2016 08:51

Добивај вести на Viber

Летниот шпиц почна, но јунските податоци за кредитната активност не навестуваат “тепачка“ за кредити. Имено, само за еден месец, или во јуни во споредба со мај, кредитната изложеност на приватниот сектор, вклучувајќи ги и граѓаните и фирмите, се намалила за 84,4 милиони евра. Дел од банакрите велат дека зголемена побарувачка, која би ја зголемила и кредитната активност очекуваат кон крајот на јули и почетокот на август. Од Народната банка велат дека сепак, поради политичката неизвесност и пакетот на мерки на монетарната политика – кредитирањето забавува. Граѓаните на банките должат 1 милијарда евра ... Помалку кредити и за компаниите и за населението во јуни. Според податоците од Народната банка во шестиот месец од годинава во споредба со мај, е регистриран пад на кредитирањето кај населението за 35,7 милиони евра. Намалување има и кај кредитирањето на компаниите за 48,5 милиони евра или вкупно, во јуни кредитната изложеност се намалила за 84,4 милиони евра. Од Народната банка велат дека овој тренд е резултат и на досега преземените мерки кои на некој начин ја “затегнаат“ монетарната политика. Кредитирањето беше и една од темите на скоро одржаниот состанок на  Комитетот за финансиска стабилност при Народната Банка. “И кредитирањето забави. Банките продолжија со поголема внимателност да ги кредитираат субјектите од корпоративниот сектор, така што кредитниот раст главно произлезе од домаќинствата. Покрај внимателноста на банките, на намалувањето на кредитниот раст влијаеа и мерките на Народната банка. Така, мерката на Народната банка преземена заради превенирање на ризиците од можна голема долгорочна задолженост на населението наменета за потрошувачка, според очекувањата, резултираше со благо забавување на растот на потрошувачките кредити со рочност над 8 години“ – соопштија од Народната Банка. Дел од банкарите велат дека јунските податоци укажуваат на намалување на кредитната активност, но сепак во текот на јули и август очекуваат зголемена побарувачка за кредити, особено потрошувачки, по што веќе од септември очекуваат забавување на побарувачката. “Во однос на побарувачката за потрошувачки кредити, би рекол дека имаме константна состојба. Почетокот на јули главно секоја година е во знакот на зголемена побарувачка, но овој тренд е од сезонски карактер. Во овoј период граѓаните бараат кредити, секако тука се и кредитните картички, за летните одмори. По овој пик, во август има замирање, па пoтоа повтoрно во септември зголемена побарувачка, која исто така е со сезонски карактер. Во овој момент побарувачката за потрошувачки кредити не е ниту зголемена ниту намалена“, изјави за “Фактор“ Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска Банка, Битола. Според податоците во јуни вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,4 милијарди евра. Кредитна изложеност: Јуни   4 462 650 406 евра Мај    4 547 089 430 евра Салдото на нефункционални кредити во јуни изнесувало 333 милиони евра. Во однос на кредитирањето, во јуни има забавување и кај денарските и кај девизните кредити. Кај населението и натаму доминираат потрошувачките кредити, а потоа и станбените заедно со долговите на кредитните картички и минусните салда на тековните сметки. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар