Кредити се земаат се помалку, а автомобилските станаа луксуз!
Објавено во: Економија 30 Декември, 2012
Кредитната активност во третиот квартал е забавена, што значи помалку кредити за граѓаните и за компаниите, се вели во најновиот извештај на НБМ.
“Кварталната стапка на раст на кредитите значително забави и за прв пат по 2009 та е под 1 отсто“,
И на годишна и на квартална основа НБМ регистрира забавено кредитирање на фирмите, така во третиот кватал е регистрирана негативна стапка од 0,4 отсто кај кредитите за фирмите додека на годишна основа (октомври) стапката на раст изнесува 6,5%. Најмногу кредити земале фирмите од градежниот сектор и секторот на недвижности.
Се забележува значајно намалување кај кредитирањето на компаниите и тоа поради два фактори.
“Неизвесното економско опкружување и согледувањата на банките за зголемените ризици од реалниот сектор како и поконзервативните деловни стратегии на некои од матичните лица на македонските банки, во најголем дел го објаснуваат ваквиот тренд кај корпоративното кредитирање“
Помалку се земаат автомобилските кредити
Во исто време се забележува и забавување на кредитирањето на домаќинствата. Граѓаните најмногу се задолжувале преку потрошувачки кредити и кредитни картички, додека кај другите видови на кредити се забележува негативна стапка на раст. Во овој период подраматичен пад на кредитирањето било забележано кај автомобилските кредити, каде во третиот квартал има подлабока негативна стапка на раст. Граѓаните се повеќе земаат денарски отколку девизни кредити – заклучува анализата на НБМ .Она што почна како тренд со почетокот на 2012 та година, го одбележа и третиот кавртал а тоа е прастот на нефункционалните кредити. За зголемување на салдото значае придонес има токму – приватниот сектор. Така во октомври годинава во однос на истиот месец лани нефункционалните кредити се зголемиле за 18,8%, што претставува една од најголемите измерени стапки на годишен раст од почетокот на годината.
Нефункционални кредити
III квартал 2012 9,9%
Октомври 2012 18,8%
“Во октомври 2012 та нефункционалните кредити на претпријатијата продолжија да растат со што стапката на нефункционални кредити достигна највисоко ниво во кризниот период од 11,2%. Забрзаниот раст може доплнително да се одрази и на стапката на кредитниот раст“- пишува во најновиот извештај на НБРМ.
Во исто време се повеќе граѓани и фирми не можат да си ги подмират доспеаните кредити.
Ризици: кои сектори се оценети како критични?
И во третиот квартал од 2012 та банките внимателно делеа кредити на приватниот сектор. Услужните дејности со храна и сместување се покажале како сектори со најголем кредитен ризик, додека зголеување на кредитниот ризик се забежеува во бизнисот со снабдување со електрична енергија и климатизација.
“Кај секторот домаќинства највисок кредитен ризик има кај потрошувачките кредити, додека според валутата најризична е кредитната изложеност во денари со девизна клаузула“ – пишува во извештајот на Централната Банка.
Во исто време анализата открива дека во овој период од годината се зголемил процентот на премин од кредитна изложеност со статус “редовна“ во кредитна изложенст со стаус “нефункционална“, што е уште еден од показателите за влошување на финасиската кондиција на компаниите и на граѓаните.
Во тертиот кавртал се забележува и еден нов тренд што не е регистриран во претходните два квартали а тоа е отпис на побарувањата.
“Во третиот квартал беа отпишани побарувања во вредност од 149 милиони денари. Секторот “домаќинства“ има највисоко учество во отпишаните побарувања со 61%.“ – открива Извештајот на НБМ.
А.Д.