Кредиторите и грчката влада преговараат во Атина
Објавено во: Балкан 27 Јули, 2015 13:40
Претставници на кредиторите пристигнале во Атина и веднаш започнале со работа за третиот спасувачки пакет со грчката влада, објави портпаролот на ЕК, цитиран од „Франс прес“.
Екипи од институциите веќе се во Атина и започнале со работа веднаш, изјавила портпаролот Мина Андреев на брифинг во Комисијата.
Откако балканската земја доби кредит од 7 милијарди евра од ЕУ за да избегне банкрот преку отплата на придонесите за „ЕЦБ“ овој месец, премиерот на Грција, Алексис Ципрас барал разговорите да завршат пред 20 август, кога Атина мора да и плати уште 3,2 милијарди евра кон „ЕЦБ“. Во септември Грција треба да плати кон Меѓународниот монетарен фонд сума од 1,5 милијарди евра.
Со седиште во Вашингтон фондот сака грчкиот долг да биде намален до ниво кое се гледа како „одржливо“, но наиде на отпор од европските партнери.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




