Кредиторите ќе го ублажат долгот на Грција, ако Ципрас е брз со реформите
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2015 18:59
Европските кредитори на Грција се согласија да ги олеснат долговите на земјата, а како услов е Владата на Алексис Ципрас да успее да ги исполни навреме сите реформи потребни за обезбедување на договорената финансиска помош.
Ова го изјавил еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи, цитиран од агенциите.
„Еврогрупата веќе разговара“, истакнал еврокомесарот и дополнил: „Се согласивме да го намалиме процентот на стапка (на заемот) и да се продолжи рокот на отплата. Сето ова може да се случи, кога ќе дојде време, по разговорите во програмата за помош и развој“.
Московичи истакнал исто така, дека „Грција треба да остане во еврозоната“.
Претходно за ова зборуваше и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа се изјаснила против отпис на грчкиот долг „во класичен вид“, но во исто време не ја исклучи можноста за продолжување на падежите и намалување на каматата за нив.
Претходно словачкиот премиер Роберт Фицо изјавил дека Словачка секогаш ќе се спротивставува на простување на грчкиот долг и прва ќе побара излегување на Грција од еврозоната, ако Атина не ги почитува своите обврски.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




