Кремљ: Продолжување на договорот за жито без Русија - „опасно“ и „тешко“
Објавено во: Свет 31 Октомври, 2022 14:58
Би било „опасно“ и „тешко“ да се продолжи со спроведувањето на договорот за извоз на украинско жито без Москва, која минатата недела го прекина учеството во него, предупреди Кремљ.
„Во услови во кои Русија укажува на неможност да се гарантира безбедноста на пловидбата во тие зони, таков договор е тешко применлив. И тоа добива нов, многу поризичен и опасен пресврт“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите како одговор на прашањето за можноста да се продолжи со спроведувањето на договорот без Русија.
Неколку бродови натоварени со украинско жито заминаа денеска преку безбедниот поморски коридор воспоставен како дел од договорот постигнат летово меѓу Киев и Москва со посредство на ОН и Турција.
По нападот со беспилотни летала на руската црноморска флота на Крим, Москва во петокот објави дека го суспендира своето учество во договорот, со кој заврши блокадата на извозот на житарки важни за светската безбедност на храната.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, еден од гарантите на договорот, денеска изјави дека ќе продолжи да го брани.
„Иако Русија покажува неподготвеност бидејќи не и се понудени истите олеснувачки услови (како Украина), ние сме решени да продолжиме со нашите напори во служба на човештвото“, рече Ердоган.
Повлекувањето на Москва од договорот во секој случај фрла сенка на неизвесност врз иднината на договорот и уште еднаш предизвикува страв од недостиг на основни прехранбени производи, особено меѓу најсиромашните земји.
Песков рече дека Русија е во контакт со Турција и ОН, но одби да каже кои се условите на Москва за повторно приклучување кон договорот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




