28 Септември, 2024
0.0371

Крим го запира користењето на гривната – полуостровот прераснува во клучно руско пристаниште

Објавено во: Анализа 13 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Украинската валута - гривната официјално ќе престане да се користи во Крим и Севастопол од 1 јуни, соопшти претседателот на руската Државна дума Сергеј Наришкин. На 14 мај долниот дом на рускиот парламент ќе го разгледа на второ читање нацрт-законот за измена на Законот за прием во Руската Федерација на Република Крим и формирањето на нови субјекти. "Измените на второ читање нудат намалување на периодот на користење на гривата во Република Крим и Севастопол до 1 јуни 2014 година", посочи Наришкин. " Тие, исто така воспоставуваат правила, според кои се воведуваат задолжителни активности на Централната банка на Русија на територијата на Република Крим и град Севастопол", истакна уште претседателот на Државната Дума. Минатиот месец претседателот на Русија Владимир Путин даде зелено светло за отворање на сметки во рубљи од страна на оние кои живеат во Крим. Тогаш тој посочи дека создавањето на мрежа од руски банки во регионот ќе трае околу еден месец. До конечното преминување кон употреба на само една валута локалните жители ќе можат да разменуваат неограничено количество гривни за рубљи. На 21 април Руската централна банка ги прекина активностите на неколку украински банки во Крим и Севастопол. Станува збор за единиците на ПриватБанк, ВАБанк, Киевска Рус и Имексбанка. Претхдоно Русија најави дека ќе формира специјална економска зона во Крим , за да привлече инвеститори. Во оваа зона ќе има даночни олеснувања и намалена бирократија, што ќе придонесе за привлекување на инвеститори. " Нашата цел е полуостровот да стане што е можно по привлечен за инвеститорите, па да се обезбедат доволни приходи за сопствениот развој на Крим", рече Медведев при посетата. Зоната ќе овозможи да се користи посебен даночен и царински режим за компаниите инвеститори во Крим и да се намалат административните процедури . Рускиот премиер увери дека Крим може да се приклучи кон единствениот енергетски систем на Русија и да се изгради на Кримската територија самостојна централа, која ќе ја намали енергетската зависност на полуостровот од Украина. Русија ќе обезбеди и опрема за сезонска земјоделска работа во Крим. Москва најавува дека ќе направи пристаништето Керч во Крим да стане едно од повеќето клучни руски пристаништа во Црното Море. К.К.