Криминална група издавала грчки пасоши на криминалци од други држави
Објавено во: Балкан 01 Декември, 2021 19:45
Грчката полиција разби криминална организација што нелегално издавала грчки пасоши и документи на криминалци од други земји.
За 30.000 евра од документ, странски државјани со тешко криминално досие, добивале оригинални грчки пасоши или лични карти или било каков друг документ преку „услугите“ на криминалната организација што денеска ја разби грчката полиција, а била активна најмалку осум години и уапсени се 20 лица меѓу кои и полицајци, јави дописничката на МИА од Атина.
Се проценува дека вкупната финансиска корист што ја добила криминалната организација е најмалку пет милиони, а полицијата по неколкумесечна истрага ја разбила мрежа и меѓу 20-те уапсени лица девет се полицајци, еден е вработен во Министерството за цивилна заштита (во чија надлежност е полицијата), еден вработен во матичната служба, еден адвокат и осум граѓани, но постојат податоци дека биле вклучени 34 полицајци.
Криминалната организација составена главно од Грци, но и повратници од поранешни земјите на Советскиот сојуз, полицајци и други државни службеници, била активна најмалку од 26 април 2013 година и имала развиено мрежа на соработници и „издавала оригинални грчки лични карти, грчки пасоши и возачки дозволи на странски државјани со тешко криминално досие“.
Слична афера имаше и во Македонија, со издавање на пасоши на криминалци од други земји. Над 200 луѓе на ваков начин добиле македонски пасош.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




