„Кристал“ SALE! Велешка фирма продава стотици квадрати деловен простор во повеќе градови! Што е на понуда?
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2025 10:08
Дуќани во Битола, Кавадарци, Куманово, деловен простор во Охрид и Скопје, магацини во Логоварди и објект во охридското село Рамне... За секого по нешто од понудата на велешката маслодајна
Велешката прехранбена индустрија „Кристал“ одлучи да продава сопствен деловен простор во повеќе градови низ Македонија, пишува во нивната одлука донесена на последното акционерско собрание што се одржа на 20 јуни годинава.
Според јавно достапните податоци станува збор за продажба на недвижен имот на повеќе локации, а најголем дел од нив се деловен простор.
„Кристал“ ќе понуди на продажба дуќан со површина од 84 квадратни метри во центарот на Кавадарци на улицата „Илинденска“. Потоа во Охрид ќе понуди на продажба деловен простор од 124 квадратни метри на улица „Момчило Јорданоски“, како и градежно изградено земјиште со површина од 734 квадрати и земјиште под зграда од 140 квадратни мести во селото Рамне.
Компанијата ќе понуди на продажба и дуќан во Куманово кој се наоѓа на булевот „Трета Македонска ударна бригада“ бб и е со површина од 45 квадратни метри.
Можност да дадат понуда ќе имаат и купци во Битола каде „Кристал“ има за продажба деловен простор со 167 квадратни метри лоциран на булеварот „ 1 Мај“.
„Кристал“ повторно ќе го понуди на продажба неговиот идеален дел од стоковната куќа „26 Јули“ на скопски Бит пазар. Станува збор за површина од 1.370 квадратни метри во катарстарска општина Центар во Скопје.
Освен деловниот простор во понудата со оваа одлука на акционерите се најде и магацински простор на „Кристал“ во битолското село Логоварди (Општина Новаци) со површина од 3.505 квадратни метри како и земјиште со право на користење со површина поголема од 11.000 квдратни метри.
„Кристал“ од Велес или поранешен „Благој Ѓорев“ е компанија што важи за најголем македонски производител на сончогледово масло, алва и маргарин. Минатата година оваа компанија оствари добивка од речиси половина милион евра и приход од 13,5 милиони евра.
Н.С.Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци




