Критично кај Гевгелија-мигранти во обид нелегално да влезат на македонска територија!
Објавено во: Балкан 14 Март, 2016
Неколку стотици мигранти се обидоа нелегално да влезат на територија на Македонија преку Грција кај гевгелиското село Моин.
Во моментов таму состојбата е кричина а полицијата заедно со АРМ се обидува да ги врати мигрантите во Грција.
Дел од медиумите објавија дека мигрантите се пробиле на наша територија преку непристапните падини на Кожув.
Засега останува нејасно што ќе прави Македонија со оваа група, дали ќе останат таму, ќе бидат префрлени во транзитниот центар или ќе бидат депортирани во Грција.
МВР информира дека полициските и армиските сили преземаат засилени мерки за безбедност, особено на местата каде што се забележани поголеми групи мигранти кои нелегално ја преминуваат границата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/d_tosidis/status/709343837253181440[/embed]