Кривични пријави за кумановци: Дошле од ризични земји, а не седеле дома
Објавено во: Македонија 19 Март, 2020 12:58
Двајца кумановци заработија кривична пријава откако Министерството за внатрешни работи утврди дека на се вратиле од земји со висок ризик па и покрај тоа што потпишале изјава дека ќе се самоизлираат, не седеле дома.
Триесет идеветгодишниот Н.Т. (39) и педесетгодишникот Н.К. двајцата од Куманово, се пријавени поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Н.Т. во Македонија на 15 март влегол преку „Ќафасан“, а се враќал од Италија при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово два дена по враќањето, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.
Пријавениот Н.К., враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Деве Баир“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





