29 Септември, 2024
0.0231

Криза? Каква криза? Реформите во Русија напредуваат!

Објавено во: Анализа, Економија 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Каматите во Русија се високи, инфлацијата вози, но додека неговата земја паѓа во рецесија, претседателот Владимир Путин негира дека има каква било економска криза, пишува Ројтерс. Ова може и да е насилното однесување, поврзано со конфронтацијата меѓу Москва и Западот поради Украина. Со продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија и на позадината на сеуште ниските цени на нафтата, одбивањето на Путин да изврши економски реформи ги загрижува руските и странски бизнис лидери. Руски претставници признаваат дека економијата треба да се прошири за да се намали зависноста од енергетскиот извоз, кој е главниот извор на приходи за владата. Претседателот пак прописно вклучи повик за реформи во својот говор на конференцијата. Странските инвеститори сепак посочуваат дека Путин со години давал главно залудни ветувања за реформи, а висок функционер на Кремљ призна неофицијално: "Не сме направиле ништо за диверзификацијата на економијата." На најголемата руска годишна бизнис конференција минатата недела во Санкт Петербург неофицијална студија за време на една од главните дебати, покажа дека 48,2% од публиката, составена од странски и домашни бизнис лидери, се на мислење дека нема да има реформи бидејќи недостасува политичка волја. "Денес ние - половина од присутните тука - не веруваме дека ќе има реформи или дека ќе има политичка волја (за нивно спроведување)," посочи поранешниот министер за финансии и долгогодишен сојузник на Путин, Алексеј Кудрин. Тој предупреди: "По една година не 50%, туку 70% од нас ќе мислат исто така на овој начин. Не може да се одложи решавањето на овој проблем уште година - две." Покрај тоа, за да се поттикне растот во економските сектори, а не само во енергетиката и природните ресурси, според Кудрин Русија треба да ја реформира корумпираната бирократија, да направи независен судскиот систем, да ја развие инфраструктурата и да ја подобри агенцијата како систем. При друго истражување на публиката, посветено на тоа како Русија би можела да ги надмине економските проблеми, 36,8% од присутните на конференцијата посочија дека таа нема да може да успее во тоа и дека и претстои долга стагнација. Разнишана инвеститорска доверба Многу западни компании останаа во Русија и покрај санкциите, но инвеститорската доверба во Русија се намали, откако ЕУ воведе визни забрани и откако ги замрзна средствата на руски претставници минатата година, а подоцна ги заостри и санкциите, насочувајки ги кон одбрана, финансии и енергетскиот сектор . "Секако за Русија е важно да врати довербата", рече за Ројтерс Јан Колебурн, извршен директор на Deloitte во Заедницата на независни држави (ЗНД), составена од поранешни советски републики. "Слушаме за потребата од продолжување на реформите (...) од гледна точка на бизнисот сепак ја гледаме поддршката на овие реформи како целисходно за враќање на инвеститорите во земјата", додаде тој. Секоја критика, која доаѓа од внатрешноста на Русија за состојбата на економијата, е насочена речиси само кон владата, додека рејтингот на Путин скока по анексијата на Крим минатата година. Руската извршна власт одговори на економската криза, со тоа што ги намали повеќето планови за трошоците за околу 10%. Владата освен тоа додели средства на компании и банки, за да им помогне да преживеат, го забрани увозот на некои западни храни и ги повика руските компании да користат домашни делови каде што е можно, со цел да се поттикне производството дома. Малкумина Руси го критикуваат Путин отворено, особено во време на конфронтација со Западот поради Украина, бидејќи во овој момент ризикуваат да изгледаат како антипатриоти. Значи нема знаци Путин да се соочи со улични протести поради економијата, иако некои економисти и опозициските политичари предупредуваат за претстојните проблеми. Нудејќи минатата недела претседателските избори, кои треба да се одржат пред 2018 година, да се случат порано, за да добие Путин мандат за реформи, Кудрин имплицитно призна дека економскиот пад и недостатокот на реформи во крајна линија може да биде проблем за претседателот . Кудрин продолжува да го поддржува Путин и е убеден дека претседателот може да освои уште еден 6-годишен мандат. Малку е веројатно тој да зборува без знаење или согласност на Кремљ. Лошо управување Шефот на најголемата руска банка по актива Сбербанк Герман Греф посочи дека Владата е виновна за лошото управување. Секогаш зборуваме за вчерашната ситуација, за нашите проблеми од минатото, но никој не дискутира за нашата идна ситуација, рече тој во Санкт Петербург. Податоците на Централната банка покажуваат дека директните странски инвестиции биле 21 милијарди долари во 2014 година, што е под една третина од достигнатите 69,2 милијарди долари во 2013 година, па дури и помалку отколку во 2009 година. Тогаш СДИ биле 43,2 милијарди долари. Демнечките исплати на рати за кредити се исто така проблем за руските компании, а економијата доживува недостиг на странски средства поради санкциите. Јацек Пастушка, претседател на Baltika Breweries (виш потпретседател на Carlsberg Group за Источна Европа) посочи: "Ќе требаат доста структурни реформи, за да се подобрат основите на економијата, за да се вложи нов капитал, да се подобри конкурентноста на локалниот пазар . " Знаци на подобрување Има некои позитивни знаци. Руската централна банка ја намали основната камата еден процентен поен до 11,5% минатата недела, инфлацијата се намали од 16,9% во април на 15,8% проценти во мај, а рубљата се опорави до околу 54 за долар, откако за кратко достигна 80 за долар во декември. Рубљата сепак е за една третина поевтина од доларот во однос на нивото пред украинската криза, истекот на капитал изнесува над 151 милијарди долари во 2014 година, а централната банка очекува економијата да се намали за 3,2% оваа година. Некои предвидуваат дури уште поголемо намалување и истакнуваат дека на владата ќе и биде уште потешко да ги изврши веројатно болните реформи, отколку кога економијата беше во подобра форма. "Според нашето основно сценарио ние сме на мислење дека се малку веројатни структурни реформи", рече Карен Вартапетов, помошник директор во рејтинг агенција S & P во Русија, опишувајќи проекти, замрзнати откако Путин повторно стана претседател во 2012 година, откако четири години беше премиер . Карен Вартапетов истакна дека односите на федералните власти со областите надвор од Москва не ги стимулираат да се реформираат и да привлечат инвестиции. "Нема стимулации за регионален раст", додаде тој. Рускиот министер за економски развој Алексеј Улјокаев истакна дека Русија сега е во "нова реалност", при што економскиот раст, кој во просек изнесуваше 7%, поддржан од нафтата, во најславните кај Путин 2000-2008, сега ќе биде под просекот на светот. Кудрин додаде дека дури годишен раст од 2% - 3% може да е недостижен за Русија во следните години. Обработка: К.К. Извор: Ројтерс