25 Ноември, 2024
0.0291

Криза мермер не гризе! Која прилепска компанија и скрши заби на инфлацијата?

Објавено во: Економија 07 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Извозот на Мермерен комбинат лани надмина 29 милиони евра колку што е речиси и целата продажба. Добивката на компанијата во услови на силна инфлација изнесува 13,7 милиони евра. Од целиот годишен приход лани во добивка останале 47 отсто, што е фантастичен резултат што им конкурира дури и на големите домашни банки

Мермерниот комбинат Прилеп имаше одлична година во услови на неизвесно и непредвидливо деловно опкружување, покажуваат резулатите од неговите финансиски извештаи.

Приходите од продажба на Мермерен комбинат не претрпеле никакво влијание од инфлацијата со која се соочува националната, но и глобалната економија. Официјалните податоци за 2023 година покажуваат дека компанијата остварила приходи од 29,3 евра. Извозот на прилепски мермер лани донел 29,15 милиони евра и тоа е безмалку индентично ниво како и претходната година.

Најголемата расходна ставка се збирните трошоци за суровини и други материјали и тие изнесуваат 4,47 милиони евра и дури во споредба со претходната година се намалени за 10 отсто. Тоа е резултат за почит особено заради тоа што во овој период инфлацијата негативно влијаеше врз глобалниот, но и врз регионалниот пазар на стоки услуги. Очигледно дека Мермерен комбинат Прилеп има формула со која успешно се справува со инфлаторни притисоци.

Втора најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваа 4,1 милиони евра и се за 2 отсто повисоки од претходната година.

Оперативната добивка од работењето на оваа компанија изнесува 14,87 милиони евра и е пониска само за 3 отсто во однос на 2022 година. По соочувањето на финансиските приходи со финансиските расходи компанијата излегла добитна за уште 50.000 евра.

Нето добивката на ова друштво изнесува 13,7 милиони евра и тоа е речиси идентично со претходната споредбена година. Добивката по акција за 2023 година изнесува 3 евра.

Оваа компанија е позната по тоа што дели пристојна или солидна дивиденда. Последната дивиденда во бруто износ беше 250 денари по акција што е 10 отсто од последната пазарна цена која изнесуваше 2.575 денари за акција.

Р. Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија