КРИЗА ВО ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Автомобилската индустрија е најтешко погодена
Објавено во: Економија 27 Август, 2025 13:59
Забавувањето на германската индустрија не се запира, а речиси четвртина милион работни места се изгубени во секторот од 2019 година, според студија на глобалната ревизорска и консалтинг компанија Ernst&Young објавена во вторник.
Германските индустриски компании оствариле приход од 533 милијарди евра во вториот квартал од 2025 година, што е намалување од 2,1 отсто на годишно ниво, објавува Ројтерс.
Бројот на вработени е за 4,3 проценти помал отколку во 2019 година
Според податоците на германскиот завод за статистика, во првиот квартал од оваа година падот изнесувал 0,2 отсто. Бројот на вработени во германската индустрија исто така се намалил за 2,1 проценти во вториот квартал, на 5,43 милиони. Во споредба со пред шест години, вкупната работна сила се намалила за 4,3 отсто, со околу 245.500 изгубени работни места од 2019 година, според Ernst&Young.
Најголем пад на бројот на работни места е забележан во производството на автомобили, за 6,7 проценти во вториот квартал. Во апсолутни бројки, ова изнесува околу 51.500 изгубени работни места за една година. Германските производители на автомобили се соочуваат со силна конкуренција од Азија, скап премин кон електрични возила и високи увозни царини од САД.
Извозот во САД се намали за 10 отсто, а во Кина за 14 проценти
Меѓу компаниите што го намалуваат бројот на работни места се „Фолксваген“, „Мерцедес“ и „Континентал“. Иако САД остануваат најважниот странски пазар за германските индустриски производи, извозот во таа земја се намали за 10 отсто во вториот квартал, покажуваат податоците. Извозот во Кина се намали за 14 проценти.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




