28 Септември, 2024
0.0248

Кризата е рај за мафијата во Италија – имаат буџет поголем од ЕУ!!!

Објавено во: Анализа 27 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Годишниот буџет на италијанската мафија е поголем од оној на Европската унија, откри Министерството за надворешни работи на Италија. Организираниот криминал располага со буџет кој надминува 200 милијарди евра, изјави Џовани Брауци, специјалист за политики за безбедност во министерството. За споредба, буџетот на ЕУ за 2014 година е околу 140 милијарди евра. Според податоците на Заводот во последните неколку години организираниот криминал во земјата ги префрлила инвестициите надвор од границите на Италија. 10% од завидната сума мафијата инвестира во земјата, но останатите "се перат" надвор од неа. Италијанската мафија заработува 10,5 милијарди евра годишно, покажуваат податоците од истражувањето на италијанскиот Институт за истражување на прекуграничниот криминал. Од друга страга пак покажува дека годишните приходи на организираниот криминал се проценуваат на 140 милијарди евра. Мафија врзана со правниот систем Според Брауци мафијата е силно врзана со италијанскиот правен систем. Организираниот криминал е поврзан директно и со некои од најголемите компании во областа на финансиските трансакции. Во февруари оваа година излезе антикорупциски извештај на Европската комисија, кој покажа дека скоро половина од фирмите во Италија ја препознаваат корупцијата како "многу голем проблем на државата". Според тврдењата на експертите, организираниот криминал го засили влијанието врз економијата на Италија за време на економската криза, претворајќи ја мафијата во најголема "банка" во земјата и буквално ги притиска илјадници мали фирми. Уценувањето при кредитирањето се претвори во национален проблем, сметаат авторите на студијата. Уценувањето како форма на лихварство станува се посложен и примамливи извор на приход, заедно со трговијата со луѓе, оружје и дрога, коцкање, проституцијата и шверцот. Според пресметките околу 200 илјади фирми биле жртва на лихварство, како резултат на што се изгубени десетици илјади работни места. Класичните улични гангстери, трошењето купишта пари по барови и казина, беа заменети од наизглед респектирани банкари, адвокати и нотари. "Тоа е уцена со чисто лице. Преку своите професии овие луѓе познаваат механизмите на кредитните пазари и многу често се прекрасно запознаени со позициите на своите жртви." Од своја страна малите компании, за кои стана тешко да земат банкарски кредит поради економската криза, се повеќе во искушение да се вртат кон мафијата.  Типични жртви на лихварите се сопственици на продавници на средна возраст и ситни бизнисмени за кои би било тешко да најдат нова работа и кои би биле подготвени на сè, за да избегнат банкрот. Ова многу лесно ја носи заработката за италијанската мафија. K.K.