Кризата ги плаши инвеститорите-можно повлекување на плановите за инвестирање
Објавено во: Економија 23 Мај, 2016 13:52
Политичката криза која трае предолго во земјава, претствува проблем за странските инвеститори.
Голем дел од странските инвеститори искажале задоволност од бизнис климата и даночната политика во Македонија и повторно би дошле да инвестираат ако имаат можност, но сепак оценуваат дека одолговлекувањето на политичката криза во земјава ќе има долгорочни последици врз македонското стопанство.
Најновото истражување на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија покажува дека е можно странските компании да ги одложат плановите за инвестирање, што е очекувана реакција.
Странските инвеститори оцениле дека одолговлекувањето на политичката криза во земјава ќе има долгорочни последици врз македонското стопанство.
Доколку пак политичкото опкружување се стабилизира побрзо, тогаш, не само што ќе привлече нови инвестиции, туку ќе им помогне и на сегашните, постојните, да ги прошират своите деловни активности, вели претседателот на Советот, Штефан Петер.
Според истражувањето, 68 проценти од испитаните компании успеале да ги исполнат планираните деловни активности, 72 отсто мислат дека нема никакви промени во исполнување на своите бизнис планови, а 20 отсто очекуваат подобрување. Само осум проценти се песимистични, односно предвидуваат влошување на економските резултати во следниот период, но тие, посочи Петер, се главно извозно ориентирани и нивната деловна активност зависи од договорите склучени на меѓународниот пазар.
Многу инвеститори избегаа од македонскиот даночен рај
Салдото на странски директни инвестиции во првите два месеци од годинава изнесува 34,2 милиони евра. Според податоците од Народната банка во февруари во земјава влегле 32,6 милиони евра странски директни инвестиции (СДИ), за разлика од јануари кога овој износ беше само 1,6 милиони евра. Но споредено со првите два месеци од ланската година, оваа година во истиот период нивото на странски директни инвестиции е помало за 11,3 милиони евра. Економистите посочуваат дека во услови на политичка криза очекувано е да има пад на странските директни инвестиции.
-Сосема очекувано, во услови на политичка криза, не само што нема нови странски инвеститори, туку и постојните веројатно размислуваат како да побегнат. Нема таков инвеститор кој ќе го вложи својот капитал во земја која се соочува со политички ризик, и тоа не може да го предомислат никакви поволности за инвестирање. Дека е тоа така, покажуваат и податоците за растот на странските инвестиции, скоро во сите околни земји. За инвеститорот не се најбитни даночните поволности, туку сигурноста на капиталот и нивото на постојаност на законската регулатива, вели универзитетскиот професор Сами Бислими.
Ако се анализираат последните три години, нивото на СДИ се намалува. Така во 2013 година во земјава влегле 252 милиони евра, следната 2014 година СДИ изнесуваат 205 милиони евра, а лани 157 милиони евра.
Странските инвеститори добиваат низа поволности во земјава, од разни даночни олеснувања до државна помош.Но и по осум години институционална тајна остана која странска компанија колку државни субвенции добила.Едно од истражувањата на Центарот за економски анализи покажа дека едно работно место во периодот од 2007 година до 2014 година ја чини државата 21 000 евра.
Клучниот адут на Владата за моделот за привлекување на странските инвестиции е дека ќе се зголеми вработеноста и растот на економијата. Податоците од НБРМ покажуваат дека последните три години се намалува учеството на странските инвестиции во бруто-домашниот производ. Така ако во 2013 година учеството на странските директни инвестиции во БДП било 2,8 проценти , лани тоа изнесувало 1,9 проценти.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




