05 Декември, 2025
0.4484

Кризата ги спречи печалбарите да се вратат дома

Објавено во: Економија 30 Декември, 2012 18:50

Добивај вести на Viber

За божиќните и новогодишни празници во Дебарско не се повтори ситуацијата од претходните години. Поради кризата, наместо повеќе илјади печалбари главно од Италија и Германија, во родниот крај не  пристигнаа ниту на половина од нив.

- Кризата се чувствува и во Италија. Има нашинци кои се останати без работа, па за да преживеат трошат од заштеденото, но и такви кои иако работат, неколку месеци не добиле плата, вели жител од Жупа, кој во родниот крај дошол заедно со семејството.

Тој како и над четири илјади жители од Жупа главно се стационирани во Римини, Басано и Тренто, а се занимаваат со градежништво. Ако се земат предвид и оние од подрачјето на Река и Дебар, бројот на нашинците во западноевопските земји надминува 12 илјади.

Арбен Папаранику од Дебар десет години живее и работи во Италија. Заедно со семејството пристигнал дома пред една недела.

- И ние што сме дојдени тука, сме со полуразни џебови, зашто кризата го прави своето. Засега се снаоѓаме некако, работиме за да преживееме, но да заштедиме е тешко, вели Папаранику.

Поради помалиот број печалбари трговците остана со помал промет од оној во изминатите години. Ситуацијата „ја спасуваат“ албанските граѓани од пограничните населени места кои масовно доаѓаат на шопинг пред Новата година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?