25 Ноември, 2024
0.0288

Кризата и друштвата за брзи кредити: Дел затворија и отпуштија вработени, се билдаа дополнителни трошоци

Објавено во: Економија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Кризата која ја предизвика пандемијата на Кoвид-19 се одрази и на работaта на финансиските друштва – тие кои на граѓаните им даваат кредити за покривање на секојдневните итни потреби или таканаречените „брзи“ кредити. И додека пред здравствената криза, беше забележан своевиден продор на овие друштва на финансискиот пазар, за време на кризата дел од нив не успеаја да се изборат.

Дел од постабилните не затворија ниту една филијала, но има и такви кои со непопуларни мерки ја оптимизираа работата. Некои тоа ги чинело и загуба на работни места.

Владата на почетокот на април донесе Уредба со која на сите граѓани кои имаат активни кредити им се овозможи да плаќаат само 30 отсто од редовната рата за месеците април, мај и јуни. Отплатата на преостанатиот износ од 70 отсто се продолжи за дополнителни 3 месеци.

Од ИутеКредит велат дека неизвесноста која била директно поврзана со работните односи на нивните клиенти била една од клучните фактори барањата за кредити да се зголемат за многу кратко време. Кредитирањето таму не запрело. Во тоа време компанијата не затворила ниту една експозитура, нити намалила од бројот на вработени.

„Можноста да се аплицира онлајн, телефонски или преку е-маил беше гарант дека нашите клиенти ќе останат здрави и заштитени преку безбеден процес за извршување своите финансиски потреби. Битно е да се напомене дека ИутеКредит Македонија беше една од ретките компании за микро-кредитирање која во целост го почитуваше законот за калулација на Стапката на вкупни трошоци кај кредитите (СВТ) која за време на вонредната состојба во државата беше ограничена на 27,5 проценти, додека кај конкуренцијата во време на криза наплатуваа СВТ од 120 до 200 проценти и незаконски заработуваа на грбот на потрошувачите, велат од ИутеКредит.

Сепак одржувањето на работниот процес не бил возможен во сите друштва. Според наши информации во Тиго фајнанс се отпуштени голем дел од вработените, затворени се повеќе филијали, а тие што работат само примаат уплати за веќе издаданите кредити. Оттаму конкретно не соопштуваат колку вработени отпуштиле, ниту колкаво е кредитирањето сега.

„Моментално бројката на вработени е оптимална, согласно тековниот волумен на работа. Оттука, и согласно официјалните податоци, може да се забележи дека Тиго е најголем работодавач за 2019, а тоа планираме да биде случај и за оваа, 2020 година. Дополнително, Тиго се издвојува според најголеми приходи од работењето и најголем процентуален раст на истите. Тиго Фајнанс направи измени во скорингот, анализата на ризик и ги земавме предвид нестабилноста на пазарот и од таа причина кредитирањето е во помал обем од претходно, но тој тренд завршува со завршувањето на вонредната состојба и опоравувањето на економијата, велат од Тиго Фајнанс.

Поамбициозни планови имаат и ИутеКредит и Дигитал фајнанс. Од Дигитал фајнанс не коменитираат за каматните стапки и велат дека работат со добивка.

„Не престанавме да кредитираме, односно продолживме со ист интензитет да ги примаме и обработуваме барањата за кредит од клиентите. Не ги заостривме параметрите кои го покриваат кредитниот ризик, туку напротив излеговме во пресрет на барањата на клиентите да имаат лесен и брз пристап на парични средства.Сегашните финансиски показатели покажуваат раст на портфолиото и приходите, односно Дигитал Фајнанс работи со добивка и се надеваме дека и во периодот што следи ќе го имаме истиот тренд на раст, велат од Дигитал Фајнанс и додаваат дека во следниот период планираат да отворат и нови филијали.

Во време на вонредна состојба, Владата понуди и помош за компаниите, а од финансиските друштва велат дека ним им треба пристап до евтини извори на финансирање, бидејќи цената на средствата со кои се финансираат се далеку над просечните каматни стапки кои ги нудат комерцијалните банки.

„Доколку имаме пристап до кредитни линии со каматни стапки кои се на ниво на просекот во земјата или малку над просекот, тогаш и финансиските друштва ќе нудат многу поповолни кредити за населението, односно СВТ на кредитите ќе биде многу помала од сегашната, велат од Дигитал фајнанс.

Од ИутеКредит велат дека очекуваат поголемо даночно ослободување и еднаков третман на сите финансиски друштва во правилата и процедурите.

Велат дека се едни од ретките кои ги почитуваат законите во однос на каматните стапки и СВТ.

„Ова значи дека ги намаливме трошоците за кредит, овозможивме до 70 отсто попуст на пеналите по основ на задоцнето плаќање на ратите, ги продолживме роковите за отплата на кредитите, ги намаливме каматните стапки и ги ограничивме вкупните трошоци до 27 отсто според Уредбите на Владата. За разлика од нас, конкурентите бараа и бараат гаранти и жиранти за што клиентите плаќаат дополнителни трошоци од 20.000 до 30. 000 денари, со што вкупните трошоци наместо пропишаните 27 отсто изнесуваат 120 до 200 процент, велат од ИутеКредит.

Нивните очекувања се да има одговорност и соодветно санкционирање на финансиските друштва за непочитување на пропишаните правила, спречување на наметнување дополнителни трошоци и оштетување на граѓаните и нивниот домашен буџет.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување