КРИЗАТА ПОЛЕКА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Индустријата жртва-пад за 4,4 отсто
Објавено во: Економија 30 Јули, 2016 10:05
Предупредувањата на многумина почнаа да се остваруваат.
Дека политичката криза која траеше подолг период изгледа данокот ќе го зема на долг рок.
Доказ за тоа е падот на индустријата кој прв пат годинава оди во негативен тренд.
Податоците на ДЗС покажуваат дека 4,4 отсто паднало индустриското производство, а најголем пад е забележан во секторот Рударство и вадење на камен. Таму е забележан пад од 21.1%.
0,3% пад бележи Преработувачка индустрија додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 20.4%.
Споредбено со јуни 2015 производството во јуни годинава има пораст кај трајните производи за широка потрошувачка за 77.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 25.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2%, Капитални производи за 7.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.
Она што бележи плус и позитива е индексот на индустриското производство кој во првиот квартал од 2016 е 5,6 отсто .
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




