29 Септември, 2024
0.0270

Кризата повторно ја демне еврозоната

Објавено во: Анализа 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Шефовите на влади во еврозоната може да се чувствуваат безбедно и да си мислат дека можат да си дозволат некое опуштање ова лето. Тоа сепак би било огромна грешка, бидејќи кризата на девизниот блок не е мртва, таа само спие, пишува Хуго Диксон. Регионот страда од стагнација, ниска инфлација, невработеност и долг, и кризата би можела лесно да се врати, бидејќи еврозоната не е во состојба да надмине евентуален шок. Уште повеќе, таков шок дефинитивно има од каде да дојде. Односите со Русија драстично се влошија по соборувањето на малезискиот авион над Украина. Ако Европската унија и воведе нови санкции на Москва, тие ќе имаат и контраефект. Еврозоната треба да преземе мерки со кои треба да се заштити од несреќата, а такви можат да бидат: ослободување од монетарната политика на Европската централна банка , инфлацијата; нов поттик кон структурните реформи, особено во Франција и Италија, но исто така и во Германија; олеснување на буџетските ограничувања. Финансиските пазари се спокојни во последните 2 години, откако претседателот на ЕЦБ Марио Драги изјави дека ќе направи "се што е потребно" за да се спаси еврото. Економскиот раст во еврозоната сепак едвај преживува. Меѓународниот монетарен фонд минатата недела предупреди дека регионот ќе забележе раст од одвај 1,1% во 2014 година, што е исклучително слабо заздравување, имајќи предвид колку тешка беше рецесијата. Се разбира, има и позитивни работи. Шпанија доживува умерено закрепнување, резултат од ефективното воведување на далекусежни и длабоки реформи на пазарот на трудот и банкарскиот систем во земјата. Големите економии сепак не се чувствуваат добро. Италија ќе бележи економски раст од само 0,3% во текот на годината, според ММФ, додека Франција ќе ползи со околу 0,7 отсто. Германија ќе се справи подобро со раст од 1,9%, но дури и германската машина изгледа испушта пареа - бизнис довербата во најсилната европска економија се намалува за трет последователен месец во јули. Во меѓувреме, инфлацијата во еврозоната е 0,5%, што е далеку под целната од ЕЦБ инфлација од 2%. Ако владите се подготвени да преземат забрзани структурни реформи, ЕК нема да е единствената која ќе се стреми да им го даде она дополнително време за сведување на дефицитите во норма. ЕЦБ исто би била задоволна при започнувањето на програмата за квантитативни олеснувања. К.К.