05 Декември, 2025
0.0302

Кризата во Белград ги намали кириите за недвижнини

Објавено во: Балкан, Економија 11 Јули, 2012 11:37

Добивај вести на Viber

Кириите на периферијата на Белград се двојно пониски од пред две години, велат агентите за недвижнини. Според нив, кризата е голема и секој стан кој се издава над 150 евра чека некое време додека се издаде.

Цените на изнајмување на становите во Белград во изминатите две годинии паднаа од 20 до 50 отсто. Во агенциите за промет на недвижнини велат дека тоа е така поради големата понуда, а побарувачката е се помала.

Според нив, тоа се случува поради економската криза, но и затоа што многу луѓе во изминатите години купија станови со помош на некои субвенции.

- Очигледно е дека кризата ги погоди сите, па и луѓето кои мораат да изнајмат стан.

Кириите најмногу паднаа во приградските населби. На Нови Белград, Миријево, Видиковац, Карабурма, становите се речиси дупло поефтини, а во центарот на Белград цените се пониски за околу 20 отсто.

Немања Миљковиќ, агент за недвижнини вели дека кириите за стан од 40-50 квадрати, се движат од 250 до 350 евра.

- Конкретно може да се најде стан во населбата Белви од 60 квадрати и да се земе за 300 евра кирија, што до сега не беше случај, таа цена главно беше од 500 до 600 евра, а во центарот на градот на пример Ѓерам, може да се најде нов стан на прв спрат во просек до 45 квадрати за 250 евра, рече Миљковиќ.

Економистот Горан Николиќ вели дека цените на кириите како и цените на становите паднале поради економската криза.

- Луѓето немаат многу пари да даваат за кирии, имаат и помали плати. Тие кои можат да живеат кај родителите или кои не сакаат да си дозволат таков луксуз да живеат сами, тоа сега и не го прават. Сега два до три пати е поефтино да се плаќа кирија отколку да се плаќа рата со полн износ од станбен кредит, вели Николиќ.

Според зборовите на агентите за недвижнини често се случува тие што даваат станови под кирија, на своите станари самоиницијативно да им ја намалат киријата, за да можат на тој начин да ги задржат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Додик го „прогласи“ Аца Лукас за непожелен во РС поради фотографија со Насер Ориќ

Додик го „прогласи“ Аца Лукас за непожелен во РС поради фотографија со Насер Ориќ