05 Декември, 2025
0.0335

Кризата во Русија го убива бизнисот на Европа

Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2015 10:05

Добивај вести на Viber

Кризата во Русија продолжува да е сериозен предизвик за Carlsberg. И оваа година, локалниот бизнис ќе пријави забавување, потврди данскиот пивски концерн. Carlsberg ќе затвори две од десетте пивари во земјата. Целосно повлекување од рускиот пазар, сепак не е предмет на дебата, рече главниот извршен директор Јорген Бул Расмусен. 60-годишниот менаџер ќе биде сменет во јуни од страна на шефот на холандската компанија за млечни производи FrieslandCampina Кеес'т Харт, кој ќе е првиот странец (Холанѓанец), кој ја предводи данската пивара. Тој има 25 годишен стаж во гигантот за широка потрошувачка Unilever. Профитот на пиварницата е замрзнат 4 години, а покажаните резултати за четвртиот квартал ги разочараа аналитичарите. Профитот се намалува за 22% до 240 милиони евра. Во Источна Европа за исто време приходите се намалуваат со цела една третина. Поевтинувањето на руската и украинската валута ќе имаат сериозен притисок врз претставувањето на компанијата и оваа година, предупредија од Carlsberg. Компанијата не очекува да се случат големи промени на пивскиот пазар во Западна Европа во 2015 година, додека тој во Источна Европа ќе се намали поради доцнењето на економиите и инфлациските притисоци во Русија и Украина. Сепак благодарение на позитивниот развој во Западна Европа и Азија оперативната добивка во оваа година ќе порасне за меѓу 5 и 10%. Carlsberg има намера да расте пред сè во Азија. И кај сегашниот работодавач идниот извршен директор значително ја зголеми продажбата во овој регион. Во споредба со своите конкуренти Anheuser-Busch, SABMiller и Heineken, данскиот Carlsberg е значително високо зависен од рускиот пазар - Данците прават таму околу една третина од својот оперативен профит. Од 2008 година, сепак продажбата на пиво во Русија се намали за повеќе од 30 проценти. Една од причините за тоа се и напорите на Владата за борбата против алкохолизмот во земјата. Така, на пример, беше забранета продажба на алкохол од уличните киосци. Во екот на трговијата денес цената на акциите на Carlsberg се намалија со над 2%. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени