Добивај вести на Viber
Сериозни загуби во првата сесија од месецот запишаа европските берзи, бидејки трговијата беше целосно под влијание на зголемениот напон во Украина. Во текот на викендот, рускиот претседател
Владимир Путин доби дозвола од Думата за да користи воена сила во Украина.
Ситуацијата предизвика паѓање на Московската берза. MICEX загуби речиси 11% и ја заврши седницата на ниво од 1288,81 поени. Меѓу најголемите губитници е руската гасна компанија "Газпром", чии акции поевтинија со речиси 14% до цена од 119,68 рубли за една.
Како беше на европските берзи?
Со значителни загуби беше трговијата и во останатиот дел од Стариот континент, пишува MarketWatch. Stoxx Europe 600 загуби 2,27% од својата вредност и го заврши денот на ниво од 330,36 поени. Ова е наглиот пад од крајот на јануари, а истовремено и најниска вредност на индексот од средината на февруари.
Францускиот САС40 достигна ниво од 4 290,87 поени, што претставува намалување од 2,66%. За DAX падот е од 3,44% и индексот ја затвори седницата со вредност од 9 358,89 поени. Германскиот индекс го забележа нај драстичниот пад од ноември 2011 година.
Против ова релативно ограничено е намалувањето за лондонскиот FTSE 100. Индексот достигна вредност од 6 708,35 поени или намалување од 1,49 отсто.
Меѓу најголемите губитници се компаниите кои имаат бизнис интереси во Русија. Меѓу нив на пример е пиварницата Carlsberg чии акции поевтинија со 5,26%. Акциите се тргуваа за 540 дански круни за една. Пиварницата е сопственост на руската Baltika Breweries, забележува Bloomberg.
Nokia исто така забележа финансиски загуби од кризата во Украина . Компанијата загуби 6,6 % од цената на акциите, а трговијата се одржуваше на ниво од 30,35 евра за една. Скандинавските фирми се потпираат на големиот руски пазар и според податоците на Bloomberg во 2012 година 35 % од нивните профити доаѓаат токму од таму.
Загуби во банкарскиот сектор
Големи загуби забележа и банкарскиот сектор на Стариот континент. Во Париз акциите на Societe Generale поевтинија со речиси 5,5 % до цена од 45,75 евра за една. Commerzbank загуби речиси 6 проценти од цената на акциите , а трговијата во Франкфурт се одржуваше на ниво од 12,30 евра за една.
Акциите на HSBC ја затворија сесија со цена од 623 пени или намалување од 1,13 %.
Кризата во Укрина влијае и на берзите во Азија
Во Токио јапонскиот Nikkei 225 го погоди 10-дневно дно, опаѓајки со 1,27% до 14 652,23 поени. Падот дојде по зајакнувањето на јенот, кој поскапе до ниво од 101,3 за долар.
Благодарејки на покачувањето на вредноста на јенот беа засегнати и акциите на извозниците. Гигантите во електрониката и автомобилоството - Sony и Suzuki Motor, на пример загубија по над 1 отсто.
Меѓу најголемите губитници беа Samsung Electronics и Posco чии акции отстапија со речиси 2 отсто.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: